1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хан со повик: Зграпчете го моментот за во ЕУ

ДТЗ
15 септември 2023

На Економскиот и финансиски форум во Скопје, еврокомесарот за буџет, Јоханес Хан, изрази уверување дека Северна Македонија можеби ќе стане 28 членка на ЕУ.

Јоханес Хан
Еврокомесарот за буџет, Јоханес Хан изрази уверување дека Северна Македонија можеби ќе стане 28 членка на ЕУ.Фотографија: Elena Covalenco

„Северна Македонија е на одличен пат кон ЕУ. Но, би сакал да пренесам порака до сите политички сили во земјата - соработувајте. Ова е тимска задача, треба да играте како национален фудбалски тим, а не како шампионат на поединци. Треба заедно да работите, инаку нема да бидете успешни“, порача денеска еврокомесарот за буџет Јоханес Хан.

Во воведното обраќање на Скопскиот економски и финансиски форум (СЕФФ), Хан изрази уверување дека Северна Македонија можеби ќе стане 28 членка на ЕУ. Тој повтори дека евроинтеграцијата и натаму останува процес базиран на заслуги и дека не треба да се носат избрзани законски решенија. Владеењето на правото мора да се почитува, дециден е тој.

„Важно е главните политички сили да работат заедно на конечната цел на Северна Македонија. Ова е нешто што морате да го ставите настрана - партиските, политичките интереси. Ова можете да го разговарате за многу различни прашања, но ова е национално прашање, ова е главното прашање во кое мора да ги вложите сите ваши заложби, сите сили во Собранието за да ги постигнете вашите цели. Ако тоа го постигнете, можете навреме да го постигнете тоа што е потребно“, потенцираше Хан.

Придобивки

Од членството во ЕУ, вели тој, придобивки ќе имаат сите. „Ајде да го зграпчиме моментот и да работиме заедно. Јас сум уверен дека на крај, Северна Македонија ќе стане можеби 28-та членка на ЕУ“, рече Хан.

Тој е дециден дека аспектите поврзани со владеењето на правото треба да се спроведат. „Потребно е да се подобри ситуацијата во однос на правосудниот систем, во однос на различните закони и кодекси. Важно е се тоа да се изврши врз основа на широки дискусии каде сите ќе имаат прилика да учествуваат. Нема причина да се брза со донесување одлуки или да се забрузваат процедурите, важно е да се вклучат сите делови од општеството“, вели тој.

„Нашиот фокус и цел мора да остане ЕУ“. вели премиерот Димитар КовачевскиФотографија: Petr Stojanovski /DW

Според премиерот Димитар Ковачевски, членството во ЕУ зависи и од ентузијазмот во Унијата за проширување и продлабочување на европските интеграции, но и од напорите на државите-кандидати да ги исполнат потребните високи критериуми и стандарди, преку почитување на фундаменталните европски вредности. „Овој процес е од заемна корист и за двете страни“, рече Ковачевски во воведното обраќање на Скопскиот економски и финансиски форум (СЕФФ).Тој порача дека земјите од Западен Балкан заедно треба да бидат фокусирани на справување со предизвиците кои им стојат на патот на просперитетот.

„Нашата насока треба да биде јасна, како да се справиме со корупцијата во јавните набавки, во незаконското стекнување имот, во конфликтот на интереси, со нелегалните финансии. Сите треба да ги зајакнеме нашите напори и да ги исполниме очекувањата на нашите граѓани. Од нас зависи колку брзо ќе ги направиме реформите на патот кон ЕУ, колку брзо ќе ги исполниме условите, а од внатрешно-политичкиот дијалог зависи која динамика ќе ја следиме. Но, едно е сигурно - нашиот фокус и цел мора да остане ЕУ. Треба да се заложиме за зајакнување на капацитетите на институциите кои работат на превенција и рано откривање на корупцијата, за да спроведат успешни истраги и гонење на сторителите. Ова ни е висок приоритет на агендата во процесот на пристапувањето кон ЕУ“, рече Ковачевски. 

Какви би биле економските ефекти од членството во ЕУ? 

Премиерот вели дека во првите 5 години ќе значи повисоки плати од 70 до 100 проценти, пораст на БДП во износи од 80 до 90 отсто, зголемен број на работни места, за 30 до 40 отсто зголемен број на малите и средните претпријатија. „Во 2008 година Северна Македонија и Хрватска беа на иста позиција да станат членки на Унијата. Пред два дена мојот хрватски колега Андреј Пленковиќ истакна дека Хрватска за десет години членство во ЕУ е 12 милијарди евра во плус. Хрватска во ЕУ влезе во 2013 година со стапка на невработеност од 17,3 проценти во 2022 стапката на невработеност на Хрватска е симната на 6,7 отсто“, рече Ковачевски.

Според министерот за финансии, Фатмир Бесими, новите земји членки добиваат многу повеќе кохезивни фондови од она што го имале како кандидати за членство, а кохезивните фондови се двапати поголеми од ИПА фондовите. „Буџетот на ЕУ за следните пет години е 11 пати повисок од оној што го имаме како кандидат со ИПА фондовите. Ние можеме да ја донесеме нашата разновидност, петприемништво“, рече Бесими.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми