1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалСоединети Американски Држави

Хантер Бајден обвинет и за затајување на данок

СН/агенции
8 декември 2023

Среде изборна кампања, американскиот претседател Џо Бајден се соочува со непријатни медиумски наслови. Против неговиот син Хантер е покренато обвинение за повеќе даночни деликти. Му се закануваат 17 години затвор.

Хантер Бајден, син на американскиот претседател Џо Бајден
Хантер Бајден, син на американскиот претседател Џо БајденФотографија: Julio Cortez/AP Photo/picture alliance

Синот на американскиот претседател Џо Бајден, Хантер Бајден, е соочен со ново обвинение затоа што не платил најмалку 1,4 милиони долари данок, додека трошел милиони на раскошен начин на живот. Ова е втора кривична постапка против синот на американскиот претседател.

Според обвинението поднесено во Окружниот суд во централна Калифорнија, тој се товари за три кривични и шест прекршочни дела поврзани со данок.

Од Министерството за правда соопштија дека истрагата е во тек, а доколку биде прогласен за виновен по обвиненијата му се заканува затворска казна до 17 години. Тој е обвинет дека не платил најмалку 1,4 милиони долари данок од 2016 до 2019 година, а потрошил милиони долари на екстравагантен начин на живот.

Претседателот на САД, Џо Бајден (лево) и Хантер Бајден фотографирани на 2 февруари 2023 годинаФотографија: Patrick Semansky/AP/picture alliance

Во вчерашното обвинение се наведува дека Хантер Бајден „добро заработувал“ додека бил член на управните одбори на украински индустриски конгломерат и на кинески приватен капитал. Но, како што се зголемувале неговите приходи, така се зголемувале и неговите трошоци. Само во 2018 година, според обвинението, потрошил повеќе од 1,8 милиони, но ништо од тоа за плаќање данок.

Се споменува дека, меѓу другото, трошел пари на дрога, ескорт дами, луксузни хотели, автомобили и облека, а за рехабилитација од зависност одвоил повеќе од 70.000 долари.

Тој претходно се соочуваше со обвиненија за затајување данок, а во октомври пред судот во Делавер се изјасни за невин по обвинението дека лажел за неговата употреба на дрога кога купувал пиштол. Џо Бајден негираше дека некогаш ја користел својата позиција за да му помогне на својот син.

 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми