1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Хилари Клинтон негира средби со Џефри Епстин

ЕМФ / ртр
27 февруари 2026

Хилари Клинтон пред Комитетот за надзор изјави дека не се сретнала со Џефри Епстин и немала сознанија за неговите криминални активности. Таа ги обвини комитетот за одвлекување на вниманието од истрагата.

САД Вашингтон 2017 | Хилари и Бил Клинтон пред инаугурацијата на Трамп во американскиот Капитол
Хилари Клинтон изјави дека не се сретнала со ЕпстинФотографија: Win McNamee/AFP

Поранешната американска министерка за надворешни работи Хилари Клинтон во изјава до Комитетот за надзор на Претставничкиот дом на САД вели дека не се сеќава на никакви средби со починатиот сексуален престапник Џефри Епстин.  Демократката вчера (26.02) исто така рече дека немала сознанија за криминалните активности на Епстин. „Не се сеќавам дека некогаш сум се сретнала со г-дин Епстин“, изјави таа и додаде дека никогаш не летала со неговиот авион и никогаш не го посетила неговиот остров или неговите домови.

Клинтон го обвини комитетот предводен од републиканците дека се обидува да го одвлече вниманието од врските меѓу сегашниот американски претседател Доналд Трамп и Епстин.

Сопругот на Хилари Клинтон, поранешниот американски претседател Бил Клинтон, треба да биде испрашуван денеска. Тој патувал со авионот на Епстин неколку пати на почетокот на 2000-тите, но негира какво било кривично дело.

Клинтонови првично одбија да се појават пред комитетот, но попуштија кога тој им се закани со постапка поради непочитување на Конгресот.

Претседателот на комитетот, републиканецот Џејмс Комер, го отфрли обвинението за пристрасност. Никој во моментов не ги обвинува Клинтонови за кривично дело, рече тој. Истрагата се однесува на можни интеракции со Епстин, неговите врски со добротворната работа на Клинтонови и со соработничката на Епстин, Гислен Максвел, која е во затвор.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми