1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Што пронашол Израел во тунелите на Хамас во Газа

ЖА
21 декември 2023

Станови, лифтови, сала со огромни димензии: израелската војска соопшти дека открила огромен тунелски систем во срцето на Газа, кој служел како команден центар за раководството на Хамас.

Израелски војници во тунелски систем на Хамас во Појасот Газа
Израелски војници во тунелски систем на Хамас во Појасот ГазаФотографија: IDF/Xinhua/picture alliance

Израелската армија соопшти дека открила „огромен тунелски систем“, кој припаѓа на радикално исламистичката терористичка организација Хамас, под градот Газа во северниот дел на Појасот Газа. Војската објави снимка за која тврди дека покажува мрежа од тунели „што ги поврзува терористичките засолништа, канцелариите и домовите на раководството на Хамас.“ Тунелите околу плоштадот Палестина во центарот на градот Газа ги користеле високи функционери на Хамас како „Исмаил Ханија , Јахја Синвар, Мохамед Деиф и други“, изјави портпаролот на армијата Питер Лернер. Израел нив ги обвинува за планирање на нападот на Хамас врз земјата на 7 октомври.

Според извештаите на медиумите,  Јахја Синвар, шефот на Хамас во Појасот Газа и шефот на  военото крило на Хамас,  Деиф, го напуштиле северниот дел на Појасот Газа за време на војната. Според извештаите, се верува дека тие се во градот Кан Јунис на југ од крајбрежната област. Ханија, претседател на Политбирото на Хамас, со години живее во Катар со своето семејство.

Соби на длабочина од 20 метри

Собите во тунелот се 20 метри под земја и имаат лифтови, скали и свои шахти за вода и електрична енергија. Оттаму, се вели дека „канцелариите и становите на политичкото и военото раководство на Хамас“ биле достапни под земја. Таму се чувало оружје, вода и храна за подолг престој. Една од собите е еден вид сала со пречник од 150 метри.

Според израелскиот воен портпарол Даниел Хагари,  членовите на Хамас  рутински ја користеле обемната подземна инфраструктура „за време на вонредни ситуации, а исто така и на почетокот на војната на 7 октомври“. Тунелите се протегаат низ целиот град Газа.

Војската подоцна соопшти дека плоштадот Палестина е „поврзан со подземната инфраструктура во областите на болницата Рантиси и болницата Ал-Шифа“. Информациите не може да бидат независно потврдени.

Израелската армија веќе објави откритие на тунел во неделата. Најголемиот тунел на Хамас откриен досега се наоѓа под Појасот Газа, во близина на граничниот премин Ерес.

Портпаролот Хагари навести  намалување на операциите на израелската војска  во северниот дел од Појасот Газа, вклучително и во градот Газа. Трупите стигнале до последното преостанато упориште на Хамас во градот Газа, квартот Туфах. Борбите во меѓувреме се концентрираат во јужниот дел од појасот Газа, каде според израелската војска се крие раководството на Хамас.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми