1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Хрватска го враќа воениот рок

ЕМФ | агенции
25 октомври 2025

Хрватскиот Сабор донесе одлука за измени на законот за одбрана и служба во вооружените сили, со што овозможи повторно воведување на задолжителниот воен рок од почетокот на наредната година.

Воена парада во Загреб
Возрасните мажи до 29 години, кои се медицински способни за воена служба, се должни, со некои исклучоци, да завршат два месеца основна обука почнувајќи од јануари 2026 годинаФотографија: Marko Lukunic/PIXSELL/picture alliance

Хрватска повторно воведува задолжителна воена обврска, која е укината 17 години. Измените на законот за одбрана и служба во вооружените сили беа одобрени со големо мнозинство од страна на парламентот во Загреб. Според измените, возрасните мажи до 29 години, кои се медицински способни за воена служба, се должни, со некои исклучоци, да завршат два месеца основна обука почнувајќи од јануари 2026 година.

Министерот за одбрана Иван Анушиќ го оправда повторното воведување на задолжителната воена обврска, наведувајќи, меѓу другото, прилагодување кон „европските трендови“ и „променетата безбедносна ситуација“, без да ја спомене војната на Русија против Украина. Сепак, неговиот ресор ги интензивираше напорите во овој поглед од почетокот на таа војна. Хрватска, исто така, сака со повеќе војници да биде подобро подготвена за „зголемениот број природни катастрофи“ и други кризи , се вели од  Министерството за одбрана.

Одбивање е можно

Со законот е предвидено цивилно служење на воениот рок за оние кои ќе изразат приговор на совеста. Свештениците, монасите и мажите со двојно државјанство кои служат во друга земја се ослободени од воена служба. Воената служба е достапна за жени на доброволна основа. Според извештаите на медиумите, хрватската армија се надева дека ќе обучува 4.000 регрути годишно.

За време на воената обука, регрутите ќе добиваат нето месечна плата од 1.100 евра. Тие подоцна исто така ќе имаат приоритет за вработување во државна служба. Секој што ќе избегне воена служба без дозвола се соочува со казна од 250 до 1.320 евра.

Хрватска е членка на НАТО од 2009 година и ја суспендираше воената обврска во 2008 година. Според уставот, секој Хрват формално има должност да ја брани својата земја.

Дали младите Германци се подготвени за воен рок?

00:57

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми