1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Над 150 медицински лица подготвени да заминат за Турција

ДТЗ
8 февруари 2023

Повици за помош на Турција и Сирија пристигнуваат од сите страни. Граѓаните се организираат и собираат донации во ќебиња, топла зимска облека и обувки, но и пакети со конзервирана храна и хигиенски производи.

Скопје Донација Турција
На плоштадот Македонија во Скопје е поставен пункт за донации, каде граѓаните донираат за семејствата погодени од земјотресот. Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Над 150 доброволци меѓу здравствени работници од Северна Македонија само за еден ден се пријавиле да заминат во Турција за да помогнат во справувањето со катастрофалните последици по земјотресите коишто ја погодија земјата. Министерството за здравство објави повик во вторникот (7.02), по што веќе се подготвува прелиминарен список кој преку НАТО-каналите на комуникација ќе им се понуди на турските власти.

„Станува збор за огромна бројка на здравствени работници што покажува колку нашиот народ е спремен да помогне и во текот на овој ден. Прелиминарниот список на доброволци ќе го понудиме на Центарот за управување со кризи (ЦУК) кој понатаму во комуникација со турските власти преку НАТО ќе известат за расположливите средства и капацитетите коишто ги имаме“, вели министерот за здравство, Беким Сали. Македонија ќе понуди и две комбиња кои се специјализирани за интензивна нега, а се добиени како донација за Педијатриската клиника, заедно со медицински тимови, кои се подготвени да заминат во погодените места.

Земјата обезбеди и лекови за Турција, преку компании и донатори, кои откако ќе се добие потврден одговор, ќе бидат испратени онаму каде што е најпотребно.  

Секој помага како што знае и умее.Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Повици за помош- 

Повици за помош на Турција и Сирија пристигнуваат од сите страни. Граѓаните се организираат и собираат донации во ќебиња, топла зимска облека и обувки но и пакети со конзервирана храна и хигиенски производи. На плоштадот Македонија во Скопје е поставен пункт за донации, каде граѓаните донираат за семејствата погодени од земјотресот. Неколку камиони треба да заминат и во останатите градови низ Македонија, како Битола, Прилеп и Штип, по што донацијата  ќе биде испратена во Турција.  

Солидарност 

Секој помага како што знае и умее. Пожарникари, спасувачи, рудари веќе заминаа за Турција да помогнат во потрага по преживеаните под урнатините. 

Со одлука на Владата во Турција заминаа 40 обучени спасувачи со возила и опрема и 24 припадници на АРМ, а во потребата по преживеани се вклучени и две армиски кучиња трагачи.

Во земјата се отворени и телефонски линии на кои граѓаните можат да донираат средства за настраданите во Турција и Сирија. Од Црвен крст на град Скопје информираа дека може да се донираат по 100 денари по повик на телефонскиот број 143 400. Средства може да се уплатат и на сметката на Црвениот крст.

Струмичкиот театар „Антон Панов“ сите пари собрани од продадените билети во февруари ќе ги донира за помош на настраданото население погодено од катастрофалните земјотреси. Советот на Град Скопје ќе одржи вонредна седница на која треба да донесе одлука за давање помош на настраданите од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

 

Трка со времето во потрага по преживеани во Турција и Сирија

01:41

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми