1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

И Чајковски е непожелен во Киев

АРД | Марк Дуге
26 декември 2022

Нападот на Русија врз Украина се одрази и врз културата: изведбите на руските композитори во Украина се непожелни, граѓаните дури се охрабруваат да даваат руски книги за стара хартија.

Зградата на операта во украинскиот главен град
Зградата на операта во украинскиот главен градФотографија: Natalia Vlasenko/DW

Минатата година во овој божикен период во киевската опера на програмата беше балетот „Оревокршачка“ од Чајковски, но уметничкиот директор на театарот, Анатоли Соловијаненко, не сака на прогамата да види дела ни од Чајковски, ниту од Прокофјев, ни од Мусоргски, ниту од кој било руски композитор. Со оглед на тоа што Русија го прави на неговата татковина, и тој и сите негови соработници „многу строго“ внимаваат кои дела ќе бидат на програмата и од каде доаѓа композиторот.

Исто така, Соловијаненко е огорчен што за првпат во историјата дури и миланската Скала својата сезона ја започна со една руска опера, „Борис Гудунов“ на Мусоргски. Тој не знае што да каже, кога ќе се случи такво нешто во татковината на операта, а на изведбата дури присуствуваше и новата италијанска премиерка Мелони, како и екипа на руската телевизија.

Иако либретото на операта е сѐ освен ласкаво за Русија, а убиствата, интригите и лагите во операта во добра мера му одговараат и на денешен Кремљ. Но, додека сѐ уште до некаде може без руски оперски композитори, во балетот тоа е веќе многу компликувано. Соловијаненко предупредува дека неговата куќа „нема ништо“ со балетскиот ансамбл од Киев, кој е на турнеја во Европа, и со делата како што се „Оревокршачка“ и „Лебедово езеро“ на Чајковски, а некоја алтернатива се обидува да најде и Вјачеслав Коломјец, директор на балетската школа „Серж Лифар“ во Киев.

Уништениот театар во украинскиот град МариуполФотографија: Alexei Alexandrov/AP Photo/picture alliance

Ни балет, ниту руски јазик

Балетите според делата на руските композитори „секогаш“ биле на програмата на школата, но сега речиси сите се согласни дека „барем во оваа жешка фаза“ треба да се откажат од нивните дела. „Тоа се наши солзи, наша крв. Нам ни е тешко во срцето што се случува на боиштата“, вели Коломјец. Исто така, тој мисли оти веројато ќе помине многу време додека во Украина повторно се најде место за руската култура „која вака ни сврте грб“.

А, прогонот на руската култура во Украина е изгледа целосен: од летоска дури е забрането во јавните институции да се зборува руски. Тоа е голем чекор, бидејќи во Киев во 80-тите години се зборуваше речиси исклучиво руски јазик. Во мешаната Украина до неодамна ни по јазикот не можеше да се одреди верувањето: имаше и многу жестоки застапници во Украина кои знаеја само руски.

Руските книги во стара хартија

Но, денес дури и книгите печатени во Русија во Украина можат да се продаваат само во исклучителни случаи. Во познатата киевска книжарница Сјаиво не само што нема книги од Русија на нивните полици, туку и ги повикаа граѓаните да ги предадат своите руски книги за стара хартија. Добивката од таа хартија ќе оди како помош за војниците на боиштата.

Ранет украински пејач сонува да се врати на сцената

02:07

This browser does not support the video element.

Продавачката Ирина ни вели дека по неколку недели оваа акција навистина започнала: луѓето носеле полни багажници книги, а секои три дена морал да доаѓа камион по тони и тони собрани книги на руски. Од добивката веќе е купено едно возило за борците во Керсон, сега собира за второ.

Во книжарницата е и еден постар господин со торби полни книги. „Многу од овие книги ми се многу драги, но по сѐ што се случи, не сакам повеќе да ги гледам“, вели тој. Слично ни вели и една госпоѓа која, исто така, има цел пакет книги. Во нејзината голема библиотека имала многу книги на руски јазик кои ѝ биле омилени. „Но, сега не можам да ги читам. Премногу е болно да се чита на руски“, вели таа.

За Русите културата е оружје

Сепак, не се сите поддржувачи на ваквите постапки. Украинската уметница Евгенија Белорусетска вели дека „не е добра одлука“ да се фрли некоја книга во стара хартија, но таа признава оти може да го разбере сето тоа. Споредн неа, Украина можеби била толерантна предолго, а сега се обидуваат да „практично да ја уништат“. И лингвистот Лес Белеј објаснува: рускиот јазик долго и непречено се ширел низ Украина, а дури со независноста на Украина во 1991 година почнал да се враќа и украинскиот јазик.

А што се однесува до борбата врз грбот на културата, тој тврди дека за руската страна нејзината култура е оружје во војната. Тој потсетува на театарот во Мариупол каде засолниште најдоа стотици луѓе, жени и деца. Како резултат на тоа, тој стана нивни заеднички гроб, а за време на окупацијата, Русите подигнаа ограда околу театарот и поставија слики од руски писатели на неа.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми