1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И дрвјата во Кочани ја раскажуваат потресната приказна

01:10

This browser does not support the video element.

БГ /РТР
20 март 2025

„Веќе не се поздравуваме со добар ден, туку со Бог да ги прости, лесна им земја“, вели еден жител на Кочани пред денешниот погреб на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“.

Македонија е се уште во шок по трагедијата во Кочани. 

Букети цвеќиња во рацете, луѓе во црнина кои со наведнати глави се движат низ градот, млади кои во раце носат врамени фотографии од нивни соученици, е сликата во која и денес се разбуди Кочани. Тивкост и тага владее во гратчето, каде денеска (20.03) ќе бидат испратени жртвите од пожарот во т.н. кабаре „Пулс“, кое однесе 59 животи на млади луѓе, најмногу од Кочани, но и од општините Штип, Чешиново-Облешево, Струмица, Пробиштип, Македонска Каменица, Виница и Скопје.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми