1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Израел не ја прекинува војната против Хамас во Газа

ЖА
23 декември 2023

Во макотрпно испреговараната резолуција, Советот за безбедност на ОН бара повеќе хуманитарна помош за луѓето во Појасот Газа. Израел го критикуваше гласањето и опстојува на продолжување на војната против Хамас во Газа

Израелски војници во Појасот Газа
Израелски војници во Појасот ГазаФотографија: IDF/Xinhua/picture alliance

И покрај најновата резолуција на Советот за безбедност на ОН за посеопфатна испорака на хуманитарна помош во Појасот Газа, донесена вчера (22.12.2023), Израел не се откажува од своите акции против терористичкиот Хамас. Министерот за надворешни работи на Израел, Ели Коен, по гласањето изјави дека неговата земја „ќе ја продолжи војната во Појасот Газа“ против исламистичката палестинска организација се` додека таа не  биде „елиминирана“  и додека не се ослободат 129-те заложници што се` уште ги држи.

Советот за безбедност на ОН конечно се усогласи за резолуција за ГазаФотографија: DAVID DEE DELGADO/REUTERS

По  неколкудневно одложување,  Советот за безбедност на ОН конечно постигна согласност за резолуција за војната на Блискиот Исток. Во неа тој повикува на зголемување на хуманитарната помош за приближно два милиони луѓе кои имаат итна потреба во Појасот Газа. Во војната меѓу Израел и терористичката организација Хамас, сите страни мора да овозможат „безбедна и непречена испорака на хуманитарна помош во големи размери“, се вели во усвоената резолуција. Повикот за итен прекин на огнот беше испуштен.

Конечната верзија се разликува од нацртот на кој САД се заканија со вето. Централна спорна точка беше можното барање за  итен прекин на огнот.  Сега едноставно се вели дека мора „итно да се создадат услови“ кои ќе овозможат „одржлив прекин на непријателствата“. За резолуцијата гласаа 13 од 15 земји-членки на најмоќното тело на ОН, а две од државите со право на вето, САД и Русија, беа воздржани.

Израел сака да продолжи да ги контролира испораките на помош

На контроверзното прашање како треба да се контролираат испораките на помош, членовите на Советот за безбедност се согласија да назначат одговорен координатор на ОН. Ова исто така треба да осигури дека испораките ќе бидат забрзани во соработка со сите засегнати страни. Советот понатаму бара хуманитарната стока да тече во Појасот Газа преку сите достапни гранични премини, но по усвојувањето на резолуцијата, Израел најави дека ќе продолжи да ги контролира сите испораки до Појасот Газа.

Хуманитарната состојба на луѓето во Појасот Газа е драматична - деца чекаат на храна во РафахФотографија: Saleh Salem/REUTERS

Тоа е неопходно „од безбедносни причини“, напиша Коен на онлајн сервисот X. Хамас ја оцени резолуцијата како „несоодветна“, а израелскиот амбасадор во ОН ја критикуваше. „Фактот што ОН се фокусираат само на напорите за помош за Појасот Газа е непотребен и не е поврзан со реалноста“, рече Гилад Ердан. Израел веќе дозволува испорака на потребната помош. „ОН требаше да се фокусираат на  хуманитарната криза на заложниците“,  истакна тој.

Борбите продолжуваат со несмалено темпо

Во меѓувреме, борбите меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа продолжија. Израелската армија соопшти дека операциите во градот Газа ќе траат со несмалено темпо. Таму се водат улични борби со терористите на Хамас. Според портпарол на армијата,  израелските сили уништиле  комплекс од подземни тунели,  „го погодиле седиштето на Хамас и ги елиминирале терористите“.

Хуманитарната состојба на луѓето во Појасот Газа е драматична. Според проценките на Обединетите нации, војната меѓу Израел и Хамас направи околу 1,9 од 2,4 милиони луѓе  во Појасот Газа внатрешно раселени.  Многу куќи се уништени, а недостига храна, вода, гориво и медицински материјали.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми