1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

И Украина и Русија јавуваат за освојување територии

ЖА
22 август 2024

Украина продолжува да се брани од руската агресорска војна со напади на руска територија: со беспилотни летала од воздух и специјални сили на земја. Русија исто така продолжува со нападите.

Пожар во руски воен објект по напад со дрон кај Мариновка, областа Волгоград
Пожар во руски воен објект по напад со дрон кај Мариновка, областа Волгоград - фотографија на социјалните мрежи Фотографија: Social Media/REUTERS

Поминаа речиси две недели откако украинските војници ја нападнаа областа Курск во југозападна Русија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски  објави дека ја посетил граничната област на регионот Суми и се сретнал со врховниот командант Олександр Сирски и со шефот на регионалната воена администрација Суми. „Уште една населба е под украинска контрола“, истакна Зеленски. Според тоа, 91 населба во  руската област Курск се веќе  под украинска контрола.

Со оглед на офанзивата,  во регионот Курск започна изградба на засолништа  против воздушни напади. „Изградбата на бетонски засолништа започна денеска“, изјави гувернерот на Курск, Алексеј Смирнов. Тој на својот канал на социјалните мрежи објави и фотографија од камион со бетонски модул. Вкупно 60 вакви засолништа треба да се изградат во транспортните центри во градот Курск. Смирнов најави дека тоа треба да се случи и во другите градови во регионот.

Брјанск и Волгоград во визирот

А украинската контраофанзива продолжува: соседната област Брјанск и подалечната Волгоградска област очигледно се исто така во визирот. Украина нема свои ракети со поголем дострел, но користи роеви беспилотни летала за да погоди руски воени цели.

 

Според руски извори, од напад на украински дрон бил предизвикан пожар на воен аеродром во регионот на Волгоград. Според регионалниот гувернер Андреј Бочаров, руската противвоздушна одбрана ги одбила повеќето летечки објекти во ноќниот напад. Сепак, пожарот избувнал „во просториите на објектот на Министерството за одбрана“ поради падот на беспилотното летало,  немало жртви.

Бохаров остави нејасно кој воен објект е погоден, изјави само дека цел на нападот било селото Мариновка. Русија таму има воздухопловна база, која се наоѓа на околу 45 километри западно од регионалниот главен град Волгоград.

На цивилниот аеродром во градот со над милион жители на Волга, воздушниот сообраќај бил привремено ограничен поради заканата од дрон, како што јави руската државна новинска агенција ТАСС. Руското Министерство за одбрана соопшти дека во четвртокот вечерта биле пресретнати 28 украински беспилотни летала, од кои 13 биле над регионот на Волгоград. Според руските информации, беспилотни летала се уништени и во регионите Курск, Ростов, Воронеж и Брјанск.

Според властите,  руските вооружени сили  спречиле упад на украински „саботери“ во Брјанск ден претходно. Инцидентот се случил на 21 август во областа Климовски, која се граничи со регионот Чернихив во Украина, изјави гувернерот Александар Богомаз. Областа Брјанск се наоѓа северозападно од регионот Курск.

Евакуација во Покровск, УкраинаФотографија: Thomas Peter/REUTERS

Русија исто така продолжува со нападите

И покрај украинските напади врз руските региони, Русија не ја забавува летната офанзива во источна Украина. По неколку недели борби, руските трупи наводно го освоиле малиот град Њу-Јорк. Од украинската страна стигнаа само индиректни признанија: Генералштабот во Киев во својот извештај за Њу-Јорк во близина на Торезк повеќе не ја опишува ситуацијата како спорна.

Руските напади во секторот на фронтот кај Покровск, малку појужно, се наведува дека биле уште пожестоки. Индустрискиот и рударскиот град во регионот Доњецк пред војната имал околу 65.000 жители. Покровск е важен за снабдување на украинските војници на овој сектор од фронтот.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми