1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И зад бомбите во Кавадарци се крие малолетник

ДТЗ
23 декември 2022

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски најави дека ќе биде поднесена кривична пријава против него. Ова е втор случај на пријава против малолетник поради лажните дојави за бомби во училиштата

бомби закани Скопје
Ова е втор случај за  кој полицијата информира дека испраќачот на лажните дојави во училиштата е малолетно лице. Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Полицијата откри кој стои зад лажните закани со бомби во Кавадарци. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вели дека случајот за расчистен и денеска ќе биде поднесена кривична пријава. Според сознанијата на полицијата, и овој пат станува збор за малолетник кој ги испратил и-мејл пораките со лажни закани.  

„Во однос на заканите за поставени бомби во Кавадарци кои секако ги вознемирија граѓаните, можам да кажам дека целосно е расчистен случајот. Денеска се поднесува кривична пријава до соодветното Јавно обвинителство, така да откриен е сторителот и затворен е целиот случај”, информираше Спасовски.

Заканите беа испратени на почетокот на месецот на електронската адреса на пет училишта за поставена експлозивна направа. Антитерористичките проверки потврдија дека заканите се лажни. Ова е втор случај за  кој полицијата информира дека испраќачот на лажните дојави во училиштата е малолетно лице. 

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски најави дека ќе биде поднесена кривична пријава против малолетникФотографија: Petr Stojanovski

Полицијата на 5.12 поднесе пријава за тероризам за малолетник од Скопје, кој испратил дел од заканите до училиштата. Тече истрагата за останатите закани кои ги празнат училиштата

Речиси два месеци траат тензиите, но и истрагата за лажните дојави за бомби коишто ги празнат македонските училишта, а последниот период места на закани станаа и институциите и министерствата. Сознанијата на надлежните институции се дека заканите најчесто се испратени преку ВПН конекции (виртуелни приватни мрежи) и дека не може да се добие една ИП адреса точно од каде е, туку се појавуваат илјадници ИП адреси во светот. Надлежните сметаат дека станува збор за хибридна војна, на чиј удар се најдоа и земјите од регионот, каде изминатиов период пристигнуваат слични дојави за поставени бомби.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми