1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ќучук: Македонија ризикува и може да заостане зад Албанија

ДТЗ
9 август 2023

Европратеникот предупреди дека доколку Скопје не ги направи уставните измени во блиска иднина, РСМ ќе се одвои од Албанија на патот кон ЕУ. Така ќе остане во група со земји кои имаат сериозни проблеми со соседите.

Илхан Ќучук
Европратеникот предупреди дека доколку Скопје не направи уставни промени, ќе се одвои од Албанија на патот кон ЕУ. Фотографија: Muhammed Selim Korkutata/AA/picture alliance

„Без спроведување на потребните реформи, Република Северна Македонија не може реално да ги започне преговорите за влез во ЕУ и ризикува да се одвои од Албанија. Ова го коментира бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, кој е копретседател на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ) и известувач во Европскиот парламент за Северна Македонија. 

„Без промена на Уставот, Република Северна Македонија навистина не може да почне да преговара со ЕУ“, вели бугарскиот европратеник во интервју за БГНЕС. 

Тој предупреди дека доколку Скопје не ги направи овие промени во блиска иднина, ќе се одвои од Албанија на патот кон ЕУ. Така, Северна Македонија ќе остане во една група со Србија, Косово, Босна и Херцеговина – земји со сериозни проблеми со своите соседи. 

„Од друга страна, тука е и геополитичкиот предизвик, заедно со тоа и можноста Украина да почне да преговара со ЕУ, таа е земја која доби статус на кандидат за членка. Односно, изборот е многу јасен - дали Република Северна Македонија сака да продолжи по својот пат, со реформирање на општествено-социјалните односи, или ќе се приклучи на друга група која нема јасен патоказ во ЕУ“, рече Ќучук и нагласи дека одлуката е целосно во рацете на македонските политичари. 

Игра со стравови

Според него, во македонскиот парламент нема единство околу целта за влез во ЕУ, туку се игра со стравовите на македонското општество. 

„Никој не поставува дополнителни услови (на Скопје). Условите се тие и двете страни се договорија - Бугарија и Република Северна Македонија. Тие ги изгласаа овие услови во бугарското, односно во македонското собрание. Оттука овие договори мора да се исполнат“, вели Ќучук. 

Пораката доаѓа во пресрет на собраниската седница на 18 август на која треба да се утврди потребата од уставни измени. Засега нема консензус меѓу власта и опозицијата за уставни измени, коишто ќе овозможат напредок на земјата кон ЕУ. Владејачките СДСМ и ДУИ и коалиционите партнери иницираа манифест за преговорите со ЕУ, документ преку кој очекуваат да се обединат сите политички партии околу евроинтегративниот процес

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми