1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И со 1.000 евра во месецот тешко се преживува

ДТЗ
20 јуни 2024

Само од јануари до сега, вредноста на минималната синдикална кошница е зголемена за 50 евра. Најмалку пари остануваат за лична хигиена и за здравје

потрошувачка кошница
И со 1.000 евра во месецот тешко се преживуваФотографија: Fabian Sommer/dpa/picture alliance

На едно семејство во Северна Македонија му се потребни минимум илјада евра за да се подмират основните трошоци. Вредноста на минималната синдикална кошница за јуни изнесува 60.325 денари и е зголемена за 235 денари споредено со минатиот месец (60.090). Само од јануари до сега, вредноста на минималната синдикална кошница е зголемена за 3.162 денари односно за 5,5 проценти.

Најмалку пари за хигиена и здравје

На семејствата кои живеат под кирија во стан од 60 квадрати во јуни им биле потребни 75.700 денари за основните трошоци.  На храна и пијалоци, според пресметките на синдикатите, се издвојуваат 21.952 денари, за образование се предвидени 7.022  денари, а за станарина, вода, електрична енергија и греење  6.014 денари. Најмалку пари остануваат за лична хигиена - 1.827 денари и за здравје - 1.069 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април годинава изнесува 41.085 денари и е за 13,7 отсто повисока отколку во истиот месец од минатата година. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми