1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Илјадници луѓе во Хамбург демонстрираа против Алис Вајдел

ЕМФ | агенции
17 јануари 2025

На пет недели пред изборите во Германија, шпиценкандидатката на АфД, Алис Вајдел дојде во Хамбург на покана на пратеничката група на партијата. Илјадници демонстранти ѝ покажаа дека не е добредојдена.

Германија Хамбург 2025 | демонстрации против Алис Вајдел од АфД
На демонстрациите против Вајдел, според полицијата, учествувале околу 16.000 луѓеФотографија: Marcus Brandt/dpa/picture alliance

Повеќе од 16.000 луѓе во Хамбург демонстрираа против делумно десноекстремната партија АфД и нејзината лидерка и шпиценкандидатка за изборите, Алис Вајдел.

Под слоганите „Стоп за Алис Вајдел“ и „Сите против фашизмот! Сите против Алис Вајдел и АфД!“, вчера попладне (16.01) се одржаа два регистрирани протеста кои беа насочени против вечерен настан во градското собрание на Хамбург, соопшти полицијата. Таму за вечерта беше планиран настан на пратеничката група на АфД, на кој Вајдел беше најавена како говорник.

Според полицијата, неколку учесници во демонстрациите се обиделе да го пробијат безбедносниот кордон кај Градското собрание. Полицијата, меѓу другото, одговорила со физичко насилство и употреба на бибер-спреј.

Градоначалникот: Вајдел не е добредојдена

Алис Вајдел претходно, во видео објавено на платформата Х, рече дека се радува на својот настап во Хамбург. „Специјално за Антифа (општ термин за различни, обично прилично лабаво структурирани автономни струи на левичарската или ектремно левичарската сцена, н.з.) го облеков овој џемпер со срциња“, вели таа за својот црн пуловер со црвени срциња кој го носи во автомобилот, и додава: „Водете љубов, не војна“.

Градоначалникот на Хамбург, Петер Ченчер (СПД), сенаторот за сообраќај Анјес Тјаркс (Зелени) и првиот човек на ЦДУ во Хамбург, Денис Теринг, претходно на платформата Х напишаа дека Вајдел не е добредојдена во Хамбург. Ченчер укажа на разноликоста и отвореноста кон светот кои се запишани во уставот на Хамбург.

„Зашто, понекогаш и во Градското собрание има непоканети гости. Но, нашата демократија е силна и отпорна!“, напиша Ченчер, додавајќи: „Се приклучувам и јас, Алис Вајдел не е добредојдена во Хамбург!“

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми