1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Илон Маск, победник на изборите во САД

Петер Хиле
8 ноември 2024

Со многу пари и медиумско влијание го поддржа Доналд Трамп. Илон Маск, најбогатиот човек на светот, помогна околу исходот на изборите во САД. Сега тој може да ја прошири својата моќ.

Илон Маск, Доналд Трамп
Илон Маск во предизборната кампања во САДФотографија: Jim Watson/AFP

„Имаме нова ѕвезда - Илон!“.  Речиси четири минути траеја фалбите на Доналд Трамп упатени до Илон Маск на изборната ноќ. Маск е „посебен човек, супергениј“, рече Трамп кога ја објави својата изборна победа во неговото одморалиште Мар-а-Лаго на Флорида. 

Дури и во моментот на својот најголем триумф, Трамп не кажа повеќе зборови за себе. Зошто?  Пред се, тука се 119 милиони долари кои Маск ги одвои за изборната кампања на Трамп.

Во најскапата изборна кампања на сите времиња, донациите на Маск веројатно одиграле клучна улога, вели политикологот Јан Ратје. Тој е експерт за десничарски екстремизам и теории на заговор во Центарот за мониторинг, анализа и стратегија CeMAS. 

„Илон Маск ја доведе целата работа до врвот со својата лотарија“, вели Ратје за ДВ. Тој даваше милион американски долари дневно на поддржувачите на Трамп во „колебливите“  американски сојузни држави. 

Х како „пеколот на омразата“ 

Освен пари, Маск на Трамп му обезбеди и големо внимание, особено на неговата платформа Х,  поранешен Твитер. „Од една страна, преку тоа што и сам споделуваше екстремно десничарски содржини, а од друга страна, дозволувајќи им на десничарските екстремистички актери повторно да отворат налози на неговата платформа и повторно да изградат голем досег“, вели Ратје. 

Доналд Трамп беше избран за претседател на САДФотографија: Alex Brandon/AP/picture alliance

Анализата на невладината организација „Центар за борба против дигитална омраза“ (CCDH) сугерира дека Маск со својата платформа Х можел да манипулира со изборната кампања во корист на Трамп. Лажните или погрешните тврдења на Маск за изборите во САД се прегледани речиси 1,2 милијарди пати, според основачот на CCDH, Имран Ахмед. „Откако Илон Маск го презеде X, платформата се претвори во пекол на омраза и дезинформации - а многу од нив доаѓаат директно од Маск“, изјави Ахмед за ДВ. 

Лажните вести како креатори на идентитетот 

Жанет Хофман се сомнева во тоа тврдење. „Не верувам дека Х или самиот Маск имаат толку манипулативно влијание како што често се претпоставува“, изјави за ДВ шефот на истражувачката група за политика за дигитализација во Научниот центар во Берлин (WZB). „Би рекла дека всушност е обратно, дека Маск ги одразува ставовите и политичките мислења на многу поддржувачи на Трамп. Во таа смисла, јас го гледам повеќе како претставник на одредена емоционална состојба и ставови кои се јасно доминантни во Америка во моментов“. 

Жанет Хофман: Не верувам дека Икс или самиот Маск имаат толку манипулативно влијание како што често се претпоставуваФотографија: Bernhard Ludewig

Општо земено, влијанието на дезинформациите, или лажните тврдења, често се преценува, објаснува Хофман. „Тука често се стравува дека дезинформациите имаат големо манипулативно влијание. Мислам дека тие имаат поголемо влијание врз формирањето на идентитетот. Оние кои споделуваат лажни тврдења на платформата X, како што се оние за мигрантите кои јадат домашни миленици, не мора да веруваат дека тие тврдења се вистинити. Со лајкување и споделување, луѓето повеќе ја изразуваат својата припадност кон политички табори - на пример, лојалност кон популисти како Трамп“, вели Хофман. 

Шаблони на толкување кои важат и во Германија 

Дали ова важи и за Германија, каде следната година се одржуваат парламентарни избори? „Да“, вели Хофман. Но, она што е драстично различно е националната медиумска сцена. „Таа има значително влијание врз тоа дали дезинформациите можат да го развијат својот ефект на формирање идентитет. Во Германија, ова би се ублажило со медиумска сцена која шири помалку лажни тврдења“.

Дури и Курд Книпфер не гледа на дезинформациите како одлучувачки фактор за изборите, ниту во САД ниту во Германија. Тој истражува политичка комуникација во Центарот за дигитална демократија на Универзитетот во Јужна Данска во Одензе. Во разговор за ДВ, Книпфер нагласува дека слични шеми на толкување како во САД би можеле да важат и во Германија. „И во Германија има суштинско незадоволство од воспоставените институции, медиумите, образовните институции, демократските процеси, партиите. Овој „контранаратив“ главно се шири преку новите медиуми. „Се разбира дека помага ако имате машинерија што ги користи тие техники цело време“. 

Двајца милијардери во Овалната соба 

Дали најбогатиот човек на светот ќе стане најмоќен? Неговата блискост со идниот 47-ми претседател на САД веројатно дополнително ќе го зголеми влијанието на технолошкиот милијардер. Во изборната ноќ, Маск на својата платформа објави фотомонтажа на која тој влегува во Овалната соба, канцеларијата на американскиот претседател. Сепак, останува да се види дали тој ќе преземе некоја важна функција. 

Пријателот на Трамп – и пријател на интернет хуморот: Илон МаскФотографија: x.com/elonmusk

„Не треба да го потценуваме фактот дека сега се отворипрозорец на влијание за Илон Маск“, вели политикологот Ратје. Тој сега би можел да се обиде да ја намали владината регулатива за да профитира економски. „Особено со неговите компании SpaceX, Starlink и Tesla, на пример, што се однесува до правата на работниците “, вели Ратје. Тој може да се надева и на големи владини договори. Патем, тоа не важи само за Маск и неговите компании, додава политичкиот аналитичар Книпфер. И други технолошки гиганти како Амазон и Мета се заинтересирани за што е можно помалку правила и даноци. 

Ќе потрае ли пријателството меѓу двајцата милијардери Маск и Трамп и кога ќе стивне еуфоријата околу победата? „Две големи ега како Доналд Трамп и Илон Маск не мора нужно да бидат во хармонија“, вели Ратје. Тој потсетува на првиот мандат на Доналд Трамп. Човекот кој се прослави со фразата „ти си отпуштен“, отпушти девет од десет негови клучни помошници за време на неговиот прв претседателски мандат.  

Доналд Трамп прогласи победа на изборите во САД

00:37

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми