1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСоединети Американски Држави

Илон Маск на суд поради изборната милионска лотарија

ЖА
31 октомври 2024

Илон Маск сака да подарува по еден милион американски долари дневно на гласачите во Пенсилванија. Јавното обвинителство го сомничи за „незаконска лотарија“, судија го повика милијардерот во Филаделфија.

Илон Маск
Илон Маск, основачот на Тесла и сопственик на ХФотографија: Michael Swensen/Getty Images

Илон Маск се чини дека целосно се посвети на изборната кампања на МАГА. Милијардерот постојано се појавува на  изборните митинзи на Доналд Трамп, - а исто така и преку интернет агитира за поддршка на републиканскиот претседателски кандидат. Посебно внимание предизвика лотаријата во Пенсилванија, клучна држава  во изборите. 

Поради оваа акција, дневната поделба на милион долари  на запишаните гласачи, Маск ќе мора многу брзо да одговара пред судот во Филаделфија. Судијата во Филаделфија нареди сослушување за четврток на кое мора да се појават сите инволвирани,  вклучително и Маск.

Основачот на Тесла вети дека ќе доделува по 1 милион долари дневно на регистрираните гласачи кои ќе ја потпишат неговата петиција за слобода на говорот и правото на оружје.

Тужбата има за цел да ги запре овие исплати пред изборите во САД на 5-ти ноември.

Обвинителството ја обвинува веб страницата Америка ПАК на Маск за водење „нелегална лотарија“ и измама на жителите на Пенсилванија да откријат лични податоци. Лотаријата го нарушува интегритетот на изборите. Критичарите гледаат проблем во тоа што може да учествуваат само регистрирани гласачи. Ова може да се толкува како создавање поттик за регистрација, што е забрането со американскиот изборен закон. Американското Министерство за правда веќе издаде предупредување за ова.

Во тужбата на државниот обвинител на Филаделфија, Лари Краснер, се наведува законот во Пенсилванија кој бара сите лотарии во државата да бидат државно регулирани. Дополнително, дејствијата на Маск го прекршиле законот за заштита на потрошувачите, бидејќи претприемачот ниту објавил комплетна листа на правила, ниту објаснил како ќе обезбеди заштита на личните податоци на учесниците.

Правните експерти се поделени околу тоа дали акцијата го прекршува федералниот закон. Маск и неговата веб страница Америка ПАК би можеле да играат важна улога во очекуваната тесна трка меѓу Трамп и демократката Камала Харис.

Државата Пенсилванија би можела да биде особено важна бидејќи од неа доаѓаат 19 електори. За победа на претседателските избори за помалку од една недела потребни се 270 електорски гласови.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми