1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Има ли македонски легионери на фронтот во Украина?

ДТЗ
11 август 2022

„До сега не е регистрирано заминување и учество на македонски граѓани во војната во Украина“, вели за ДВ шефот на Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и тероризам, Златко Апостолоски.

Lwiw ausländische Kämpfer für Ukraine-Krieg
Фотографија: Abdulhamid Hoşbaş/AA/picture alliance

Македонските безбедносни служби немаат податоци дека македонски „платеници“ се на воениот фронт во Украина и учествуваат во војната со Русија. Иако со месеци наназад Русија лиферува информации дека 79 лица од Северна Македонија е утврдено дека се наоѓале на листата на „платеници“, надлежните институции во земјата не ги потврдуваат таквите информации. 

Според листата што ја објави руското Министерство за одбрана, од почетокот на војната досега на страната на Украина се бореле 79 македонски државјани од кои убиени или елиминирани се 26, вратени се 21, а според податоците до 5 август, активни на фронтот се 32 лица од С. Македонија.

„Според податоците на безбедносните институции кои ги имам,  до сега не е регистрирано заминување и учество на македонски граѓани во војната во Украина“, вели за ДВ шефот на Националниот комитет за спречување насилен екстремизам. и тероризам, Златко Апостолоски. 

Сличен е ставот и на македонското Министерство за надворешни работи од каде велат дека  не располагаат со релевантни информации поврзани со евентуалното учество или пак загинати македонски државјани во војната во Украина. „МНР постојано и внимателно ја следи ситуацијата, преку амбасадата во Украина. Штом има нови информации јавноста ќе биде информирана“, велат од МНР. 

И МНР не располага со релевантни информации поврзани со евентуалното учество или пак загинати македонски државјанини во војната во УкраинаФотографија: KAI PFAFFENBACH/REUTERS

Казни за учество во странска војска 

Доколку македонски граѓани заминат да војуваат во Украина, им се заканува затворска казна кога ќе се вратат дома. Надлежните во повеќе наврати укажуваат дека секој обид за незаконско заминување на македонски граѓани во кризното подрачје ќе биде третиран со членови од Кривичниот закон кои забрануваат учество во странска војска, паравоена или параполициска формација. Согласно тоа, казните за оние кои би отишле таму би биле исти, бидејќи кривичното право не може селективно да се применува. 

Според Кривичниот законик тој што спротивно на закон „создава, организира, регрутира, превезува организира превоз, опремува, обучува или на друг начин подготвува лице или група за учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации, организирани групи или поединечно, надвор од територијата на РСМ ќе се казни затвор од најмалку пет години (член 322 – а). Во истиот член пишува дека „македонски државјанин кој учествува или се обучува од страна на странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации, организира групи или поединечно, надвор од територијата на земјата ќе се казни со затвор од најмалку четири години“. И тој што повикува или врбува или поттикнува друг на извршување на делата ќе се казни со затвор од најмалку четири години. Овие законски решенија важат и за легионерите кои би заминале во Украина. 

За време на воените дејства и двете завојувани страни повикуваат на странска помош со луѓе и опрема. Украина формираше Меѓународна легија на територијалната одбрана, составена од странци кои сакаат да му се приклучат на отпорот против Русија. Тврдат дека бројот на странски доброволци постојано расте. Русија, пак, се тврдеше дека регрутирала доброволци од Сирија кои би се бореле во војната во Украина.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми