1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Има ли руски зачин во македонско - бугарската чорба?

ДТЗ
26 јануари 2023

Односите меѓу двете земји се до точка на вриење. Скопје и Софија се обвинуваат меѓусебно дека им служат на руските интереси. Кој сё додава „зачин“ во сложените македонско- бугарски односи?

Bilderchronik des Krieges in der Ukraine | Bulgarien - Protest
Скопје и Софија се обвинуваат меѓусебно дека им служат на руски интереси. Кој се додава „зачин“ во сложената ситуација?Фотографија: Georgi Paleykov/NurPhoto/picture alliance

Односите меѓу Северна Македонија и Бугарија стасаа до точка на вриење. Двете земји се почесто меѓусебно се обвинуваат дека им служат на руските интереси.Кој се додава „зачин“ во сложените македонско- бугарски односи? 

Македонскиот претседател Стево Пендаровски во средата (25.01) беше обвинет дека им служи на руските интереси од страна на поранешната бугарска министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева. Таа остро го критикуваше предлогот на Пендаровски да им се забрани влез на одредени граѓани на Бугарија и го обвини дека „им служи на интересите на Србија и Русија на Балканот“.

„Претседателот Стево Пендаровски не ги штити интересите на својата татковина, туку служи на политиката на Србија и Русија на Балканот. Тој со своите изјави го кочи развојот на односите меѓу Софија и Скопје“, вели Захариева во интервју за „Бгнес“.

Македонскиот претседател Стево Пендаровски беше обвинет дека им служи на руските интереси од страна на поранешната бугарска министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.Фотографија: DW/S. Rozanes

Ваквото обвинување следи откако по состанокот на Советот за безбедност на Северна Македонија, Пендаровски објави дека поднел предлог до Владата да се ограничи влезот на еден европратеник и уште неколку лица во Бугарија, за кои постои сомневање дека се поврзани со руски разузнавачки служби.

„Се очекува организирана група да пристигне во Скопје на 4 февруари за да ја одбележи годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Групата ќе има за цел да ја наруши безбедноста за да ја дестабилизира земјата и односите со Бугарија“,соопшти претседателот. 

Пендаровски не именуваше ниту едно лице од „непожелната листа“, но опозициската „Левица“ деновиве објави список од шест лица кои смета дека треба да бидат прогласи за персона нон грата. Меѓу нив се европратениците Ангел Џамбаски и Андреј Ковачев, лидерот на ВМРО Красимир Каракачанов, Костадин Костадинов од партијата „Преродба“, како и бугарскиот бизнисмен Милен Врабевски, кој го финансираше бугарскиот клуб во Охрид. Џамбаски на ваквите најави реагираше со закани кон претседателот Пендаровски, што дополнително ја влоши ситуацијата. 

Да не се подлегнува на првокации

Очите во наредните денови  ќе бидат вперени кон случувањата коишто се најавуваат во пресрет на годишнинатаод раѓањето на Гоце Делчев. Дали на 4 февруари на бугарски политичари ќе им биде забранет влез во Македонија и како ќе се развиваат понатаму односите меѓу двете земји, засега е неизвесно. Бугарскиот и македонскиот државен врв повикуваат на смиреност. 

Бугарскиот технички министер за надворешни работи Николај Милков порачува дека двете земји, но главно институциите во Северна Македонија на 4 февруари мора да останат смирени и да се воздржат од какви било провокации за да се обезбеди потребниот ред, така што секој што сака да може да оди и да се поклони на гробот на Гоце Делчев. 

И македонскиот премиер Димитар Ковачевски во средата од Штип (25.01) посочи дека ќе биде направено се што е во надлежност на Владата со цел да се гарантира мирно и достоинствено одбележување на 4 февруари. не ја исклучува можноста да им биде забранет влез на лица кои ги нарушуваат меѓународните односи и внатрешниот поредок на земјата. Сличен став имаше и шефот на дипломатијата, Бујар Османи, кој вели дека треба да им се забрани влез на сите лица кои покажуваат непочитување кон државата и нејзините граѓани. 

„Институциите треба да постапуваат согласно закон за сите оние кои ги шират провокациите и сакаат да ги нарушат односите во државата и помеѓу државите во регионот. Тоа се однесува на наши граѓани, но и на граѓани од странство кои сакаат да дојдат во државата и да го прават тоа без разлика од која држава доаѓаат“, порачаа од државниот врв.

Државниот врв смета дека треба да им се забрани влез на сите лица кои покажуваат непочитување кон државата и нејзините граѓани.Фотографија: Presidents Office of North Macedonia

Односите ставени под мраз

По нападот на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков, и во пресрет на одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, односите на двете земји повторно се ставени под мраз.  Заладувањето на македонско-бугарските односи кулминираше со повлекување на бугарскиот амбасадор од Скопје и најави дека ќе се замрзнат сите проекти со Северна Македонија. Ваквата можност ја најави бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков, кој беше сослушан на собраниската Комисија за надворешни работи.  Тој порача дека бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов ќе остане надвор од Северна Македонија се додека Софија не види знаци на промена. 

Милков веќе ги информирал министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ на Советот за надворешни работи во Брисел. „Доставен е писмен меморандум за овие прашања до сите земји членки. Во нашата земја треба да се одржи средба со сите амбасадори на земјите членки. Ќе се користат и други механизми, меѓу кои и механизмот на ОБСЕ, кој сѐ уште има набљудувачка мисија во Скопје. Ги имаме алатките на Советот на Европа“, вели тој.  

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми