1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КултураБугарија

Еден чесен човек: во спомен на професор Ивајло Дичев

7 ноември 2023

Си замина Ивајло Дичев - пријател, автор, човек. Имаше планина од таленти и ги раздаваше великодушно. И неуморна посветеност кон каузите за слободата и правдата. Светот би бил подобро место со повеќе луѓе како него.

Ивајло Дичев
Ивајло ДичевФотографија: Svetlana Encheva

Ивајло Дичев дефинитивно налутено би се насмеал кога би знаел дека му пишуваме некролози. Пред речиси 50 години, тој многу сакаше да ги шокира луѓето при запознавање со агресивно прашање: „Зошто ме мразиш?“. И веројатно навистина претпоставуваше дека многумина априори го мразат.

Речиси никогаш не предизвикуваше омраза, но во мене барем – трепетлив восхит и малку завист –уште кога на 21 година ја објави својата прва книга со раскази „Учам да плачам“. Во една од приказните опишуваше семејна криза поради различните ставови за тоа како да се исцеди тубата со паста за заби. Бев запрепастен од овој психолошки наод. Сега ова звучи наивно и смешно, но верувам дека и самиот Дичев не би имал ништо против да се насмееме на негова и на моја сметка. 

Човек со огромни таленти 

Исто така, ќе се насмее луто и на реченицата „Беше многу талентиран“. Воздржан и разбран човек, но не и скептик или нападно скромен - тоа беше Дичев. (Не пишувам „Ивајло“ поради стара пријателска конвенција.) Тој компонираше музика, свиреше на секакви инструменти, црташе, многу читаше, пишуваше убаво и лесно, а во пријателските архиви се чуваат духовити и лабави дела“- за внатрешна употреба“- на која тој беше главен двигател и главен извор. Како што велевме тогаш: Извира Ивајло.

Песни, драми, рок опери, еден ораториум, скечеви, хороскопи, инсталации, друштвени игри - тој беше навистина човек со неверојатна имагинација и планина од таленти на неговите рамена. Таленти кои не му тежеа, затоа што ги растовари во текстови, во книги (многу книги) и во својата академска работа, каде - без никакво претерување - ја создаде својата школа и научи стотици луѓе да размислуваат - длабоко и слободољубиво.

Дичев, како да избегаме од жанрот „некролог“? Ти сигурно би рекол дека е апсурдно да се биде автор на некролог, но уште поапсурдно е да се биде херој на некролог. Бекет, Јонеско и Мрожек (со твое охрабрување ги читавме тогаш) каков некролог би напишале? Всушност, ти самиот си автор на прекрасни текстови за сеќавање, споменици и надгробни плочи, па секој може да си претстави како ти би ја коментирал својата надгробна плоча или епитаф. Затоа што ти си еден од нашите најважни учители по критичко размислување, како што напиша и твојот син Климент на една социјална мрежа. Ти благодарам (и) за тоа. 

Каква личност беше Дичев

Кога ќе ти умре некој многу близок, секогаш се прашуваш: Каков човек беше тој (или таа), по што ќе го запомнам? Кога е Дичев во прашање, кај мене веднаш и без двоумење на врвот на листата излегува „чесен“. Надвор од сите негови таленти и имагинација, надвор од енциклопедичноста и човечката мудрост, надвор од неговата неуморна посветеност на каузите на слободата и правдата, Дичев беше пред се многу чесен човек. Со повеќе луѓе како него би живееле во подобар свет.

 

На 68-годишна возраст, во понеделникот на 6 ноември, ненадејно почина професорот Ивајло Дичев, долгогодишен колумнист на бугарската редакција на Дојче Веле.

Проф. Дичев беше културен антрополог и предавач на Софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“. Предавал и на Универзитети во Франција, САД, Германија. Есеист, писател, активен учесник во политичката дебата.

За својата работа во Дојче Веле, Дичев во една прилика ќе рече:

„Овој медиум не само што ми дава целосна слобода, туку и одредена дистанца од бугарскиот политички живот, што овозможува трезвена и мирна анализа на она што се случува. 

Во своите текстови неретко го анализираше и конфликтот меѓу Македонија и Бугарија. Во продолжение потсетуваме на дел од тие текстови. 

Софија и Скопје: Што бараш, тоа ќе добиеш 

Дичев: Како да се помират Бугарите и Македонците?

Дичев: С. Македонија и Бугарија ќе се разберат за историјата само ако секој почне да ги гледа сопствените грешки

Можат ли „Прикриено“ и „Преспав“ да ги обединат Македонците и Бугарите?

За Бугарија е акт на агресија самото постоење на Северна Македонија

 

Александар Андреев Александар Андреев е долгогодишен новинар и раководител на бугарската редакција на Дојче Веле.
Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми