1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТехникаИндија

Индија испрати сателит кој ќе го истражува Сонцето

ЕМФ | агенции
2 септември 2023

По спектакуларното слетување на индиска вселенска сонда на Месечината, Индија денеска испрати сателит и кон Сонцето.

Старт на сателитот Адитија-Л1
Старт на сателитот Адитија-Л1Фотографија: AP

Сателитот Адитија-Л1 стартуваше денеска напладне (2.09) по локално време. Истражувачкиот сателит треба да биде позициониран на 1,5 милиони километри од Земјата и оттаму да испраќа слики од Сонцето. Според плановите на индиската вселенска агенција, неговото патување таму ќе трае околу четири месеци.

Адитија-Л1 се состои од седум модули и е дизајниран да ги набљудува надворешните слоеви на Сонцето користејќи детектори за електромагнетни полиња. Целта на мисијата, меѓу другото, е да се постигне подобро разбирање на динамиката на сончевиот ветер. Податоците за сончевите феномени што Индија сака да ги собере треба да помогнат за подобро да се разбере времето на Земјата и на другите планети. Покрај тоа, тие треба да помогнат за подобра заштита на комуникациските и климатските сателити ширум светот.

Американската вселенска агенција НАСА и Европската вселенска агенција ЕСА веќе имаат испратено вселенски сонди за да го истражат Сонцето, а за Индија ова е премиера.

Пред нешто повеќе од една недела, на јужниот пол на Месечината слета индиската вселенска сонда Чандрајан-3. Во 2014 година, Индија стана првата азиска земја која лансираше вселенско летало во орбитата околу планетата Марс.

Сончеви бури - темната страна на сонцето

05:34

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми