1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Инспекторите на МААЕ запрени на патот за Запорожје

ЕМФ | АРД
1 септември 2022

Тимот на Меѓународната агенција за атомска енергија кој треба да направи инспекција на атомската централа Запорожје е веројатно запрен на својот пат дотаму. Според украински наводи, рутата била гаѓана од руската армија.

Нуклеарната централа Запорожје се наоѓа на околу 70 километри од истоимениот град
Нуклеарната централа Запорожје се наоѓа на околу 70 километри од истоимениот градФотографија: Alexander Ermochenko/REUTERS

Експертите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) се најверојатно запрени на патот кон нуклеарната централа Запорожје. Гувернерот на регионот Запорожје изјави дека мисијата не може да продолжи натаму поради загриженост за нивната безбедност. Како што се вели, Русија ја гаѓа рутата по која се движат експертите на МААЕво близина на градор Енерходар.

Шефот на МААЕ, Рафаел Гроси, при тргнувањето за Запорожје изјави дека мисијата нема да биде запрена и дека тимот ќе направи инспекција во централата и ќе разговара со вработените.

„Свесни сме за ситуацијата. Има зголемена воена активност. Од страна на командантот на украинската армија сум информиран за тоа и за ризиците, но ги одмеривме предностите и слабите страни и сега сме тука каде што сме. Не запираме“, рече Гроси.

Рафаел Гроси, директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, по пристигнувањето во градот Запорожје (1.09.2022)Фотографија: Metin Aktas/AA/picture alliance

Градоначалникот на Енерходар, Дмитро Орлов, од Москва побара „да запре со провокации и да ѝ овозможи на МААЕ пристап до нуклеарната централа“. Министерството за одбрана на Русија ги отфрла обвинувањата. Тоа ги обвинува украинските сили дека го гаѓале местото за средба на мисијата на МААЕ во близина на атомската централа. Руската страна тврди дека украински трупи се обиделе и да ја нападнат централата, но биле заробени.

Тимот на МААЕ вчера (31.08) пристигна во градот Запорожје, на околу 70 километри од истоимената електрана. Тој треба да истражи до кој степен нуклеарната централа е загрозена од борбите меѓу украинските и руските сили. Покрај тоа, нуклеарните експерти треба да ја проверат состојбата на централата со нејзините шест реактори, условите под кои работи украинскиот оперативен тим и да утврди дали целиот нуклеарен материјал е сè уште достапен.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми