1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иран упати протестна нота до Германија

ЖА / агенции
18 февруари 2026

Иран го повика на разговор германскиот амбасадор по протестот во Минхен, каде 250.000 луѓе демонстрираа против иранската власт – најголемата таква демонстрација во Германија.

Луѓе со транспаренти и ирански знамиња демонстрираат во Минхен, Германија
Иран протестира поради масовната демонстрација против иранската власт што се одржа во саботата во МинхенФотографија: Michaela Stache/AFP/Getty Images

Иран го повика на разговор назначениот германски амбасадор во Техеран поради, како што соопшти државниот ирански радио-телевизиски сервис, „анти-ирански активности“ во Германија и „деструктивни изјави“ на германски политичари. На средба во иранското Министерство за надворешни работи, на дипломатот Аксел Дитман му бил предаден официјалниот протест на Техеран. Портпаролка на германското Министерство за надворешни работи во Берлин ја потврди информацијата, но не даде дополнителни детали.

Масовна демонстрација во Минхен како повод

Главната причина за дипломатскиот чекор на  Иран,  според проценките, е масовната демонстрација што се одржа во саботата во Минхен, на која учествуваа околу 250.000 луѓе. Станува збор за најголемиот протест против иранската власт што некогаш се одржал во  Германија.

Низа германски политичари јавно ја изразија својата солидарност со иранското протестно движење. Меѓу нив беа Мари-Агнес Штрак-Цимерман од ФДП и Армин Лашет, пратеник и надворешнополитички претставник на ЦДУ.

Акцискиот ден беше организиран паралелно со Минхенската безбедносна конференција, а повик за масовно учество упати Реза Пахлави – синот на соборениот шах на Иран, кој со децении живее во егзил и важи за една од највлијателните опозициски фигури во дијаспората.

Брутално задушени протести во Иран

На почетокот на јануари, иранските безбедносни сили жестоко ги задушија  масовните протести  во земјата. Според податоците на активистичката мрежа ХРАНА,  во насилствата загинале повеќе од 7.000 луѓе. Германскиот канцелар  Фридрих Мерц  остро ја критикуваше  иранската власт  поради  употребата на прекумерна сила  и кршењето на човековите права.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми