1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаБлиски Исток

Иран изврши ракетен напад врз Израел

БГ /РТР
1 октомври 2024

Иран истрела серија балистички ракети кон Израел во вторникот како одмазда за израелската кампања против Хезболах во Либан.

Иран Израел Тел Авив
Ирански ракети пресретнати од противвоздушната одбрана на Израел на небото над Тел АвивФотографија: Tomer Neuberg/Xinhua/dpa/picture alliance

Низ Израел се вклучија сирените за опасност, а експлозии се слушаа во Ерусалим и во долината на реката Јордан, додека граѓаните бегаа во засолништа. Новинарите на терен јавуваат дека виделе пресретнати ракети од израелската противвоздушна одбрана. Израелските медиуми тврдат дека биле испукани над 100 ракети во правец на земјата.

Претходно, израелската армија соопшти дека очекува балистички ракетни напади од Иран кои ќе бидат масовни и широко распространети, и ги повикаа граѓаните да одат во засолништа.

Иран се закани дека ќе се одмазди поради неодамнешните израелски напади во кои загина речиси целата команда на милитантниот Хезболах во Либан. 

Американскиот претседател Џо Бајден порача дека САД се подготвени да го бранат Израел од иранските воздушни напади. 

Иранските напади следуваат откако Израел соопшти дека започнал ограничена копнена офанзива во јужен Либан, додека неговите авиони со денови ги бомбардираат градовите. 

Иран, кој е спонзор на Хезболах, се закани дека ќе му се одмазди на Израел, зголемувајќи ги стравувањата од поширок конфликт во регионот. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми