1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИран

Иран ја прекинува блокадата на Ормускиот Теснец

ЖА / агенции
17 април 2026

Иран повторно го отвори Ормускиот Теснец за трговски бродови за времетраењето на примирјето во Либан, соопшти шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи. Трамп: САД ќе ја продолжат поморската блокада на Иран

Танкери со нафта во Ормускиот Теснец
Преку Ормускиот Теснец се транспортира приближно една петтина од вкупниот светски извоз на нафтаФотографија: Altaf Qadri/AP Photo/picture alliance

Иран ја врати целосната слобода на поморска трговија низ Ормускиот Теснец за преостанатиот период од важечкиот прекин на огнот во Либан. Информацијата ја соопшти иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи денеска преку платформата X.

Според неговата изјава, пловидбата на сите комерцијални бродови се одвива по однапред координирана рута, која веќе била официјално објавена од иранската Агенција за пристаништа и поморство. По оваа најава, цените на нафтата на светските пазари паднаа за повеќе од осум проценти.

Примирјето за Либан стапи во сила во четвртокот навечер и треба да трае десет дена.

Иран  фактички го блокираше овој стратешки важен поморски премин од почетокот на американско-израелските напади на 28 февруари. Преку Ормускиот Теснец се транспортира приближно една петтина од вкупниот светски извоз на нафта, што во изминатите недели доведе до нагло и значително поскапување на енергенсите на глобално ниво.

И покрај најавеното отворање на Ормускиот Tеснец од страна на Иран, американскиот претседател  Доналд Трамп  останува на својата  поморска блокада врз бродовите со иранско пристаниште како нивно поаѓање или одредиште. Тој напиша на својата платформа Трут Соушл  дека оваа блокада треба да остане на сила сè додека не завршат преговорите на САД со Техеран.

Во меѓувреме, во Париз се одржува состанок на бројни државни и владини лидери, на кој се разговараше за  можностите за воено обезбедување на поморската рута На состанокот учествува и германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Мерц веќе изрази начелна подготвеност Германија, под одредени услови, да се вклучи во евентуална меѓународна мисија за обезбедување на безбедната пловидба низ теснецот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми