1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Раиси: Иран побарал помош од САД по падот на хеликоптерот

СН/агенции
21 мај 2024

Молба за поддршка од големиот непријател: Според Стејт департментот, Иран побарал помош од Вашингтон по исчезнувањето на претседателскиот хеликоптер. Вашингтон

Местото каде се урна хеликоптерот во кој беше иранскиот претседател Ебрахим Раиси
Местото каде се урна хеликоптерот во кој беше иранскиот претседател Ебрахим РаисиФотографија: SalamPix/ABACA/IMAGO

Според САД, по смртоносната несреќа на хеликоптерот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси, самиот Техеран побарал помош од својот најголем непријател, САД. „Побарана е од нас поддршка од иранската влада“, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер во понеделникот во Вашингтон. „Рековме дека сме подготвени да помогнеме - нешто што би го направиле за секоја влада во таква ситуација.“
Останува нејасно дали станувало збор за конкретна помош во потрагата или за спасување.
Претседателот Раиси, неговиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахијан и уште седум лица загинаа во несреќа во неделата во североисточниот дел на Иран.
Сепак, на крајот, САД не биле во можност да ја обезбедат бараната помош „во голема мерка поради логистички причини“, додаде Милер, без да наведе повеќе детали. Тој не сакаше да коментира нита за формата на комуникација меѓу двете земји, кои немаат дипломатски односи уште од Исламската револуција во Иран во 1979 година.
Во меѓувреме, американскиот министер за одбрана Лојд Остин изјави дека сѐ укажува дека падот на хеликоптерот на Раиси е несреќен случај. „Многу работи можат да бидат одговорни - механички дефект, пилотска грешка...“, рече тој. Во секој случај, САД „немаат никаква врска со тоа. Тоа е едноставно факт“, истакна Остин.

Претседателскиот хеликоптер снимен додека полетува во близина на иранско-азербејџанската граница. Набргу потоа леталото се урнало.Фотографија: Ali Hamed Haghdoust/IRNA/WANA via REUTERS

Во минатото, иранските владини претставници постојано ги обвинуваа Израел или САД за безбедносни инциденти во Иран. Поранешниот ирански министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф ја поврза хеликоптерската несреќа во понеделникот со американските санкции со кои се забранува продажба на резервни делови на воздухопловната индустрија.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми