1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иран: Почна регистрација на кандидати за наследник на Раиси

ЕМФ | афп
30 мај 2024

По смртта на претседателот Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа, во Иран почна регистрацијата на кандидатите за негов наследник.

иранско знаме
Фотографија: Ritzau Scanpix/imago images

Регистрацијата на „кандидатите за 14. претседателски избори“, како што објави денеска (30.05) државната новинска агенција Ирна, започна во 8 часот (по локално време) во Министерството за внатрешни работи во Техеран. Претседателските кандидати за пријавување имаат рок од пет дена.

Изборите првично беа планирани за 2025 година, но по неочекуваната смрт на Раиси беа закажани за 28 јуни. Претседателот Ебрахим Раиси, министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан и седум други патници загинаа во хеликоптерска несреќа на северозападот на земјата на 19 мај годинава.

Државната иранска телевизија денеска објави дека за претседателската функција се кандидирале „околу 30 лица“. Сепак, „ниту еден од нив не ги исполни основните услови за квалификација“. Според иранскиот изборен закон, кандидатите мора да бидат на возраст од 40 до 75 години и да имаат завршено најмалку магистерски студии. Конечната листа на кандидати треба да биде објавена на 11 јуни.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми