Иран најави такса за премин низ Ормускиот Теснец
31 март 2026
Парламентарен комитет во Иран одобрил план за воведување такси за сите бродови што ќе сакаат да го преминат Ормускиот Теснец, објавија иранските државни медиуми. Според државната телевизија, која се повикува на член на Комитетот за безбедност, во предлог-законот се предвидени „финансиски регулативи и системи за наплата на патарина“, како и продлабочена соработка со Оман, кој ја контролира другата страна од мореузот.
Забрани за одредени држави
Освен финансиските мерки, документот вклучува и забрана за пловење на бродови од САД и од, како што го нарекува Техеран, „ционистичкиот режим“ – термин што официјален Иран го користи за Израел. Забраната би се однесувала и на бродови од други земји кои имаат воведено санкции против Иран.
Стратешка важност на Ормускиот Теснец и последици од војната
Приближно една петтина од светската сурова нафта и течен природен гас се транспортираат преку Ормускиот Теснец, што го прави протокот една од најкритичните енергетски рути во светот. Но, од почетокот на војната во регионот, поморскиот сообраќај таму е речиси целосно запрен, што предизвикува сериозни последици на глобалните енергетски пазари и создава дополнитeлни притисоци врз цените.