1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Иранскиот претседател Раиси загина во хеликоптерска несреќа

СН/агенции
20 мај 2024

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахијан загинаа во хеликоптерска несреќа на враќање од Азербејџан. Несреќата се случила во северозападниот дел на земјата.

Раиси беше претседател на Исламската Република Иран од летото 2021 година
Раиси беше претседател на Исламската Република Иран од летото 2021 годинаФотографија: Rouzbeh Fouladi/ZUMA/picture alliance

Неколку ирански медиуми утринава објавија дека иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан загинале откако нивниот хеликоптер се урнал во северозападниот дел на земјата. Раиси доживеа несреќа „додека му служеше на иранскиот народ и ја извршуваше својата должност и почина со маченичка смрт“, објави новинската агенција Мехр.Според новинската агенција Ројтерс, ирански владин претставник ја потврдил смртта на 63-годишникот.

Фотографија од местото на хеликоптерската несреќа во која загина Раиси направена од беспилотно леталоФотографија: Anadolu/picture alliance

Иранската државна телевизија претходно објави дека спасувачите не пронашле знаци на преживеани на местото на падот на претседателскиот хеликоптер во Иран.

Хеликоптерот исчезна на враќање од Азербејџан

Претседателот Раиси се враќаше со министерот за надворешни работи Амирабдолахиан од средбата со претседателот на соседен Азербејџан, Илхам Алиев, кога нивниот хеликоптер исчезна во неделата попладне во северозападниот дел на земјата.

Поранешниот тврдокорен шеф на правосудството, Раиси беше осмиот претседател на Иран. Поранешниот обвинител и судија беше избран на функцијата претседател во летото 2021 година.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми