1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТероризамСирија

Исламска држава ја објави смртта на својот лидер

СН/агенции
4 август 2023

Минатиот ноември, Абу Ал Хусаин ал Хусаини ал Кураиши беше назначен за нов шеф на џихадистичката милиција Исламска држава. Сега портпаролот на групата ја објави неговата смрт и името на новиот водач.

Терористичката милиција Исламска држава окупираше големи делови од Сирија и Ирак во 2014 година - Абу Ал Хусеин ал Хусеини ал Кураиши, кој сега е прогласен за мртов, беше четвртиот водач на ИД.
Терористичката милиција Исламска држава окупираше големи делови од Сирија и Ирак во 2014 година - Абу Ал Хусеин ал Хусеини ал Кураиши, кој сега е прогласен за мртов, беше четвртиот водач на ИД.Фотографија: CPA Media/picture alliance

Екстремистичката група Исламска држава во четвртокот (3 август, 2023) ја објави смртта на својот лидер Абу Ал Хусеин ал Хусеини ал Кураиши, кој, како што се наведува, бил убиен во судирите со екстремистичката група Хајат Тахрир ал Шам (ХТС) во северозападна Сирија.

Како што објави портпаролот на Исламската држава во аудио порака преку Телеграм, нивниот водач е убиен „во место во провинцијата Идлиб... по директна пресметка“ со членовите на ХТС, поранешниот локален огранок на Ал Каида, кои се обиделе да го заробат.

Не е наведено ниту точното место ниту датумот на неговата смрт.

Се претпостаува дека ова е првото официјално соопштение на џихадистичката група за судбината на поранешниот водач откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во април годинава изјави дека турските разузнавачки сили го убиле во Сирија. Ердоган тогаш рече дека турската национална разузнавачка организација долго време го гонела Кураиши.

Неколку години Исламска држава сееше страв и терор во Ирак и во СиријаФотографија: Amaq News Agency/AP/dpa/picture alliance

Движењето беше на својот врв во 2014 година.

Инаку, Абу Хусеин ал Хусеини ал Кураиши ја презеде функцијата во ноември 2022 година, откако неговиот претходник, исто така, беше убиен во Сирија. Исламска држава, сенка на организацијата која некогаш владееше со третина од Ирак и од Сирија, го објави и името на новиот водач: Аби Хафсан ал Хашими ал Кураши. 

Движењето го достигна својот врв во 2014 година кога неговиот тогашен лидер Абу Бакр ал Багдадитериторијата под контрола ја прогласи за калифат. Ал Багдади беше убиен во 2019 година за време на американската воена операција во Сирија. Милитантите на Исламската држава сè уште продолжуваат со бунтовничките напади во Сирија и во Ирак, но тие се главно осудени на герилски начин на војување.

 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми