1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТероризамТурција

ИД презеде одговорност за нападот во црква во Истанбул

ЖА
29 јануари 2024

Турските власти уапсија двајца мажи по нападот за време на миса во католичка црква во Истанбул, во кој загина едно лице. Се смета дека тие се членови на терористичката милиција Исламска држава.

Вооружен напад во католичка црква во Истанбул
Вооружен напад во католичката Санта Мариа црква во ИстанбулФотографија: DHA

Откако двe маскирани вооружени лица за време на неделната богослужба во католичка црква во Истанбул застрелаа едно лице, се огласи турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја: „Најостро го осудуваме ова гнасно дело“, напиша тој на платформата Х. Жртвата е турски државјанин, а според официјални наводи, напаѓачите пукале целно во него, додека други лица не се повредени.

Министерот Јериклија подоцна го потврди апсењето на двајцата осомничени напаѓачи, тие потекнуваат од Русија и од Таџикистан, изјави тој на прес конференција.

Нападот се случил во неделата претпладне во италијанската католичка црква Санта Мариа во квартот Сариер, а одговорноста за него во меѓувреме ја презеде  екстремистичката терористичка милиција  Исламска држава. Џихадистичката група  преку Телеграм соопшти дека нападот го извршиле двајца нејзини борци, следејќи го повикот на раководството да убиваат насекаде христијани и Евреи. Претходно властите изразија мислење дека нападот веројатно не е насочен против католичката црква. 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го изразил своето сочувство кај свештениците на црквата и локалните претставници на неговата владејачка партија. Папата Франциско исто така изрази сочувство: „Ја истакнувам својата приврзаност со црковната заедница на црквата Санта Мариа во Истанбул, која за време на мисата доживеа напад во кој е убиен еден човек“, изјави тој.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми