1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеСоединети Американски Држави

САД: Масовно труење со храна во ресторани на Мекдоналдс

СН/агенции
23 октомври 2024

Во неколку американски сојузни држави луѓе се разболеле поради труење со бактеријата ешерихија коли по посетата на Мекдоналдс. Синџирот ресторани за брза храна се сомнева дека причина за труењата е кромидот.

Цената на акцијата на Мекдоналдс падна за 8% откако најголемиот синџир за брза храна во светот беше поврзан со појавата на ешерихија коли
Цената на акцијата на Мекдоналдс падна за 8% откако најголемиот синџир за брза храна во светот беше поврзан со појавата на ешерихија колиФотографија: Charly Triballeau/AFP

Според американските здравствени властите, едно лице починало, а десетици луѓе се разболеле во САД по труење со бактеријата ешерихија коли, поврзана со хамбургери од Мекдоналдс. Труењето со храна започнало на крајот на септември и се протега во десет американски држави, соопшти американскиот центар за контрола на болести ЦДЦ. Вкупно 49 случаи се пријавени во десет сојузни држави, од кои повеќето во Колорадо и во Небраска.

Симптоми после јадење на Квотер паундер

Едно постаро лице почина во Колорадо, соопшти ЦДЦ. Десет погодени лица се згрижени во болница. Меѓу нив имало и дете кое било примено со сериозни проблеми со бубрезите. Според ЦДЦ, сите засегнати го носеле истиот вид на Ешерихија коли и рекле дека јаделе одреден сендвич во Мекдоналдс, имено Квотер паундер, пред да се појават нивните симптоми.

Сендвичот Квотер паундер на МекдоналдсФотографија: Getty Images/S. Olson

ЦДЦ ги советуваше луѓето кои јаделе таков хамбургер и развиле симптоми на труење со ешерихија коли, како што се дијареја, треска и повраќање, да одат на лекар. Повеќето луѓе закрепнуваат од инфекција во рок од пет до седум дена, дури и без третман. Меѓутоа, во некои случаи, засегнатите може сериозно да се разболат и мора да бидат хоспитализирани.

Сомнежи во кромидот или меленото месо

Здравствените власти во моментов истражуваат дали свежиот кромид или меленото говедско месо би можеле да бидат причина за труењата. Мекдоналдс, исто така, се сомнева дека исецканиот кромид, кој се користи само во Квотер паундер, причина за инфицирањето со ешерихија коли. Сецканиот кромид доаѓа од добавувач кој снабдува три дистрибутивни центри. Квотер паундер сега е привремено отстранет од пазарот во пет сојузни држави и во делови од седум други. Ваквите труења го нарушуваат имиџот на најголемиот синџир за брза храна во светот. Имено цената на акцијата на Мекдоналдс во вторникот (22.10.2024) привремено падна за повеќе од осум проценти на американската берза.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми