1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Истрага за снемувањето струја на Балканот

Самир Хусеиновиќ
22 јуни 2024

Речиси цела Босна и Херцеговина, Црна Гора и големи делови од Хрватска и Албанија вчера со часови беа без струја. Причините сѐ уште се утврдуваат.

струја кабли
Дефектот е отстранет релативно брзоФотографија: Rodrigo Abd/AP Photo/picture alliance

Сè уште нема официјални информации за причините кои доведоа до колапс на електроенергетскиот систем, кој остави без струја големи делови од четирите држави од Западен Балкан. Директорот на Националниот диспечерски центар на електропреносниот систем на Црна Гора, Ранко Реџиќ, вели дека „вакво нарушување не е забележано во последните 30 години“.

„Нарушувањето беше од регионални размери и зафати големи делови од Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина и значителен дел од Хрватска. Засега немаме информации што го предизвикало овој настан. Дојде до прекин на напонот, откажаа некои елементи во системите во опкружувањето и во нашиот систем. Тие елементи ги вративме под напон“, изјави Реџиќ и додаде дека сѐ уште се истражува причината за снемувањето струја.

Пренатрупани водови

Тој се осврна и на информациите дека снемувањето струја се случило како последица на голем пожар во близина на далноводот од 400 kw на непристапен терен на границата меѓу Црна Гора и Босна и Херцеговина. „Тоа сѐ уште се истражува. Многу е можно тоа да се случило“, рече тој, додавајќи дека Црна Гора сѐ уште нема информации дека причината за проблемот потекнува од оваа земја. „Во моментот кога ќе се формира комисијата и ќе заврши истрагата, ќе знаеме што се случило и како се одвивало сѐ. Засега нема причина да се верува дека причина за колапсот е човечкиот фактор“, заклучи Реџиќ.

Причина за прекинот најверојатно се преоптоварувања поради моменталниот топлотен бранФотографија: picture-alliance/dpa/J. Stratenschulte

Телевизија Н1 ја пренесува изјавата на црногорскиот министер за енергетика Саша Мујовиќ кој вели дека проблемот настанал како „резултат на големото зголемување на дневно оптоварување и високите температури“. „Кога ги имате тие два примера поврзани еден со друг, тогаш имате ситуација да не можете правилно да пренесувате струја преку далноводи, односно далноводите се преоптоварени и доаѓа до прекини. Испаѓањето на еден вод значи преоптоварување на друг и така се случи ова што се случи“, вели Мујовиќ.

Балконски соларни панели: Обновлива енергија за сите!

00:58

This browser does not support the video element.

Сообраќаен колапс во многу градови во регионот

Независниот оператор на системот во Босна и Херцеговина објави дека причината за прекинот на снабдувањето со електрична енергија е „проблем во преносната мрежа во регионот и преоптоварување на клучните 400kV интерконективни водови“, Тоа за последица имало „каскаден пренос на нарушувања“ на електроенергетскиот систем на Босна и Херцеговина. Поголемиот дел од оваа земја остана без струја, поради што дошло во многу градови дојде и до колапс во сообраќајот. Во Сараево, како што јавуваат локалните медиуми, неколку лица биле заробени во лифтови со часови, а некои делови од градот остана и без вода, и тоа на денот кога се забележани рекордно високи температури.

Прекинот се пренесе и во Хрватска, со која БиХ има најголем број интерконективни далноводи, поради што без струја остана речиси цела Далмација. „Со оглед на тоа што од целиот напон испаднаа Босна и Херцеговина, дел од Хрватска, Црна Гора и Албанија, се утврдуваат деталите и причините. Нашите служби не утврдија дека има некаков вид на дефект кај нас. Бидејќи се работи за принцип на сврзани садови, и дел од нашата мрежа остана без напон“, изјави хрватскиот министер за економија Анте Шушњар.

Поради снемувањето на електрична енергија, во многу градови дојде до колапс во сообраќајотФотографија: Armin Durgut/AP Photo/picture alliance

Покрената е истрага на европско ниво

Директорот на Секторот за управување со хрватскиот електроенергетски систем Данко Блажевиќ вели дека за овој случај е покрената истрага на европско ниво. „Дел од работата на операторите на преносните системи е веднаш да реагираат и имавме телеконференција на европско ниво. Се случи несреќен сплет на околности при што два далноводи, едниот во Црна Гора, другиот во Албанија, испаднаа од погон за кратко време“, објасни Блажевиќ.

Албанската министерка за енергетика Белинда Балуку изјави дека има дефект на интерконекторот помеѓу Албанија и Грција и дека слушнала за слични околности во Црна Гора и делови од Хрватска и Босна и Херцеговина. „Истрагата ќе потрае, но раните анализи сугерираат дека овој технички проблем го создадоа големи количества на енергија во преносниот систем и многу високите температури“, рече Балуку.

Во последните две години побарувачката на струја е зголемена за повеќе од 20 отсто, предупредуваат експертитеФотографија: Samir Huseinović/DW

Домино ефект

Зборувајќи за тоа како можеше да дојде до ваков колапс, експертот за енергија и поранешен генерален директор на Електростопанство БиХ, Амер Јерлагиќ, вели дека вакви дефекти на системот често се случуваат во лето. „Веројатно поради големата потрошувачка на енергија имало големо оптоварување, а ако имало дефект, односно дефект на далновод поради преоптоварување, тогаш според системот на домино ефект тоа се пренесло низ целиот регион“, изјави Јерлагиќ за БХ Радио 1.

Експертите предупредуваат дека во последните две години побарувачката на струја е зголемена за повеќе од 20 отсто и дека за зголемената потрошувачка е потребна и соодветна инфраструктура. Електричните мрежи во регионот не се обновуваат со соодветна динамика, па се предвидува и во иднина да има слични „испади“. Затоа, меѓу другото, се препорачуваат и алтернативни извори на енергија - поставување на соларни панели, додека за обновување на постоечките мрежи би биле потребни и непопуларни мерки - поскапување на струјата.

Живот без сметка за струја

01:05

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми