1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЦГК: Во шест града нема педијатри - во три нема гинеколог

ДТЗ
5 февруари 2024

Скопјани со најголеми, а Крушевчани со најмали можности за здравствена заштита. Има градови во кои жителите се оставени без гинеколози и педијатри, па мора да патуваат во други градови за медицинска помош

македонско здравство
ЦГК: Во шест града нема педијатри - во три нема гинеколог Фотографија: DW/P. Stojanovski

Има огромни разлики во можностите,  односно степенот на здравствена заштита што можат да ја добијат жителите на 30 градови во Северна Македонија. Најголеми можности за здравствена заштита имаат жителите на главниот град Скопје, додека најмалку можности за соодветна здравствена заштита имаат жителите на Крушево. Ова го покажува најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации за степенот на здравствена заштита на жителите во 30-те здравствени центри во земјата.

Кој е на врв, кој на дно?

Покрај Скопје, на врвот на листата се и Битола и Штип, додека на дното, покрај Крушево се и Македонски Брод, Валандово и Крива Паланка.Меѓу големите градови најлошо стојат Кичево и Кочани, а меѓу малите градови најдобро стојат Виница и Делчево.Останатите градови се во средина на листата. Генерално, станува збор за помали градови, иако има и неколку поголеми како Гостивар, Охрид, Кичево, Кочани и Гевгелија.

Истражувањето, кое вклучува 22 индикатори, ги зема предвид човечките и просторните медицински капацитети што им стојат на располагање на жителите на овие региони како што се болници, здравствени домови, служби за заштита на жени, претшколски и школски деца, лекарски, специјалистички и друг здравствен кадар, но и општата и стапката на смртност на доенчиња.

Има градови во кои воопшто нема педијатри и гинеколози, па жителите мора да патуваат во соседните градови за медицинска помошФотографија: DW/P. Stojanovski

Недостиг на педијатри и гинеколози

Еден од индикаторите со големи разлики меѓу градовите е број на деца на една служба за здравствена заштита на деца од 0 до 6 години. Овде најдобро стои Виница каде на 129 деца има една ваква служба или педијатриска амбуланта. Спротивно, најлошо стојат Охрид, Прилеп и Скопје каде една ваква служба има на повеќе од 3.000 деца на оваа возраст. Шест градови имаат ваква служба, но во неа нема лекари и мораат да патуваат во други градови за ваква услуга. 

Слична е и состојбата со број на жени на една служба за здравствена заштита на жени. Најдобро стои Берово со 1.388 жени на една ваква служба, додека најлоша е состојбата во Прилеп каде една ваква служба „покрива“ дури 36.000 жени. Три градови воопшто немаат ваква служба, односно гинеколог. 

Еден од најзначајните параметри за можностите за здравствена заштита е бројот на жители на една матична ординација, односно на една служба за општа медицина. Според истражувањето на ЦГК, најдобро стојат три градови – Делчево, Кавадарци и Берово – во сите по околу 1.100 жители на една ваква служба. Спротивно, најлошо стојат Гостивар и Кичево со два и пол пати полош „скор“, односно Гостивар со околу 3.000 жители на една матична служба и Кичево со повеќе од 2.700 жители на една ваква служба.  

Кога станува збор за број на здравствени работници (главно медицински сестри) на еден лекар во секундарната здравствена заштита, најдобро стои Македонски Брод со тројца здравствени работници по лекар, додека најлошо стои Виница само со 0,7 сестри на еден лекар. Стандардот во оваа област е две сестри на еден лекар во секундарната здравствена заштита. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми