1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија многу лошо ја менаџира водата

ДТЗ
3 октомври 2024

Анализата на добротворната организација Waterwise и британското тело за стандарди за производи BSI, покажува дека Македонија се наоѓа високо на листата на земји каде што безбедноста на водата се влошува

вода
Дали Северна Македонија има најнебезбедна вода во регионот?Фотографија: Wolfgang Maria Weber/picture alliance

Северна Македонија ќе има проблем да обезбеди квалитетна вода во иднина доколку продолжи неконтролирано да ја троши и да не ги спречува огромните загуби. Анализата на добротворната организација Waterwise и британското тело за стандарди за производи BSI, покажува дека Македонија се наоѓа високо на листата на земји каде што безбедноста на водата се влошува од година во година. Јужна Африка и Турција се наоѓаат на врвот на листата со вкупни оценки - 30 и 28, а потоа следат Кина, Кипар, Индија, Северна Македонија и САД со оценка 27.

Македонија бележи влошување на состојбите за три места погоре во споредба со лани. Колку се повисоки оценките толку е поголемо нивото на несигурност во водата. Сите земји коишто имаат оценка над 24 се всушност со „многу висока “ несигурност на водата. Во оваа група нема други земји од регионот, освен Бугарија којашто е оценета со 24. 

Од земјите во регионот подолу на листата, со поголема сигурност на водата се Србија со оценка 21, Албанија со 19, а Хрватска е оценета со 14.   

Се влошува безбедноста на водата во светот 

Безбедноста на водата во повеќето земји во светот се влошува од година во година. Анализата на добротворната организација Waterwise и британското тело за стандарди за производи BSI, покажува дека можноста за пристап до доволно свежа вода со доволен квалитет за „животот да продолжи како што треба“ годинава во споредба со лани опаднала во 13 од 41 земја во светот. Тоа сугерира дека големите економии преземаат недоволна акција за решавање на проблемите со достапноста на вода.

„Вкупниот резултат за безбедноста на водата“ во 13 земји се зголемил годинава што укажува на поголемо ниво на несигурност во водата. 

Северна Македонија е една од земјите со најголеми загуби на вода во регионот - околу 63 проценти. Фотографија: DW

Анализи во 41 земја 

BSI правел анализи за 41 земја низ Европа, Африка, Америка и Азија-Пацифик врз основа на јавно достапни податоци за расположливите водни ресурси, употребата на вода, ризиците за снабдувањето со вода и трошењето вода. Спроведена е и анкета на 9.000 луѓе низ девет земји.

Само девет земји забележале подобрени вкупни оценки за безбедноста на водата во рангирањето, а 18 го имаат истиот резултат како минатата година. Една нова земја, Јужна Африка, беше вклучена оваа година во истражувањето. 

Шпанија го доживеа најголемото зголемување од година во година на вкупниот резултат за безбедност на вода, зголемувајќи ја оценката на 26 оваа година, од 21 во 2023 година, покажува анализата.

Соединетите Американски Држави, Индија и Кина имаат највисоки резултати во вкупната безбедност на водата и решенијата, од 53, 52 и 50, што покажува дека тие се соочуваат со значителни предизвици со недостиг на вода и постигнуваат ограничен напредок во решенијата.

Германија имам оценка 20. Според анализата, таа има најниско ниво на обновлива слатка вода по глава на жител, но има пониски нивоа на потрошувачката на вода и истекувањето и е чекор понапред кога станува збор за реупотреба на водата. 

Клучните наоди од анкетата вклучуваат дека 76 отсто од испитаниците сметаат дека сушата е проблем во нивната земја, 45 отсто мислат дека справувањето со безбедноста на водата е исто толку важно како и справувањето со климатските промени, а само 15 отсто велат дека за безбедноста на водата редовно се зборува од медиумите или политичарите во нивната земја. 

Загуби на вода 

Северна Македонија е една од земјите со најголеми загуби на вода во регионот - околу 63 проценти. За справување со овој проблем потребен е континуиран инвестициски циклус во водоводната мрежа, со цел да се намалат загубите на вода од извор до чаша. Според податоците за 2023 година на ниво на цела држава, загубата на вода во просек изнесува над 60 проценти. 

Проценките се дека земјата годишно губи 146 милиони кубици вода за пиење, од годишно произведените 245 милиони кубни метри вода. Најмногу вода за пиење во апсолутна загуба се губи во Скопје - дури 63 милиони метри кубни годишно, што е 43 % од целата загубена вода во земјата. Следат Гостивар, Тетово и Кичево. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми