1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија меѓу земјите со најлош јавен превоз во Европа

ДТЗ
15 октомври 2024

Во Северна Македонија, 47 проценти од жителите се задоволни од јавниот градски превоз, со што земјата се најде речиси на дното на листата на европските земји

Скопје
Македонија меѓу земјите со најлош јавен превоз во ЕвропаФотографија: Petr Stojanovski/DW

Седум од десет луѓе во Европа се задоволни одјавниот превоз во нивниот град, но постои голем јаз во европските градови, во однос на тоа колку се задоволни од јавниот превоз којшто го имаат, покажува извештајот на Европската комисија. Северна Македонија е меѓу земјите со најлош јавен превоз во Европа.

Според истражувањето коешто го објави Еуроњус, само 47 проценти од македонските граѓани се задоволни од јавниот градски превоз. Понезадоволни од јавниот превоз се жителите на Италија и Албанија (29%), Црна Гора( 37%) и Србија (44%).

Како што покажува истражувањето, најголемо задоволство од јавниот превоз има во Австрија – 91 отсто. Во „зелено“ на картата се обоени и Финска (89%), како и Чешка и Норвешка со 88% на задоволни граѓани од јавниот превоз. Потоа следат Полска и Велика Британија со 85% на граѓани киишто сметаат дека имаат добар јавен превоз во градовите кадешто живеат. 

Во Германија процентот на задоволство од јавниот превоз е 82 отсто. 

Безбеден сообраќај

Кога се споредуваат факторите како што се достапноста, безбедноста, зачестеноста и доверливоста, постои географски тренд каде градовите од северна и западна Европа изразуваат поголемо задоволство од јавниот превоз, додека градовите од јужна и источна Европа покажуваат пониски стапки на задоволство.

Задоволството се движи од 29% во Рим и Тирана до 91% во Виена. 

Во најголем дел, жителите на главните градови имаат тенденција да имаат повисока перцепција за безбедноста во јавниот превоз - освен Рим и Анкара. Всушност, во Рим, помалку од половина од населението смета дека јавниот превоз е безбеден. Рим, исто така, има најниски оценки за леснотија на пристап, фреквенција и доверливост.

Во светлината на климатската криза, коалицијата од 43 европски транспортни организации бара зголемено финансирање од ЕУ за јавниот транспорт. Европската комисија, исто така, сака да поттикне промена во однесувањето во корист на активната мобилност и јавниот транспорт, се наведува во текстот на Еуроњус.

Јавен превоз само со автобуси, а и нив ги нема

Повеќе од половина од жителите во шест главни градови, според истражувањето, биле незадоволни од услугите на јавниот превоз и тоа Рим, Тирана, Подгорица, Белград, Никозија и Скопје.

Јавниот превоз во Скопје може да се потпре само на автобуси - но и нив ги нема доволно. Препирките меѓу Градот Скопје и Владата не вродија со плод, така што жителите на главниот град ќе почекаат за набавка на нови автобуси. Во главниот град никако да се имплементира и проектот за воведување на Брз автобуски превоз (БРТ). 

Струмица неодамна стана првата општина којашто обезбеди електрични автобуси за јавен превоз.

 

Струмица воведува електричен јавен превоз

02:45

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми