1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалГерманија

Истрели и заложничка драма во Дрезден

СН/агенции
10 декември 2022

Според медиумските извештаи вооружен маж во Дрезден најнапред ја убил својата мајка. Потоа зел заложници во трговски центар. Заложничката драма сега е завршена. Насилникот е фатен и тешко повреден, соопшти полицијата.

Полициски специјалци во близина на местото на заложничката драма во Дрезден
Полициски специјалци во близина на местото на заложничката драма во ДрезденФотографија: Jens Schlueter/AFP/Getty Images

Осомничениот напаѓач е тешко повреден и во моментов не е во можност да биде сослушан. Тоа го изјави портпаролот на полицијата во Дрезден за германската новинска агенција ДПА. Засега не е познато дали мажот самиот се повредил или бил повреден при апсењето.

Заложниците, една жена вработена во трговскиот центар- Галерија Алтмаркт и едно дете не се повредени, соопшти полицијата. Околу 7 часот и 20 минути полицијата во  населбата Прохлис во Дрезден пронашла мртва жена во станбена зграда. Убиството е поврзано со заложничката драма  во центарот на Дрезден, соопшти полицијата. Осомничениот е 40-годишниот син на жената.

Полицаец пред Галеријата Алтмаркт во Дрезден, каде што се одвиваше заложничката драмаФотографија: Matthias Rietschel/REUTERS

Потоа се имаше забарикадирано во Галеријата Алтмаркт. Полицијата го опиша мажот како психички растроен. Трговскиот центар и соседните области беа евакуирани. Неколку лица биле внесени во автобус на транспортната компанија во Дрезден и таму биле згрижени. Затворен беше и прочуениот Штризелмаркт, еден од најпознатите божиќни панаѓури во Германија.

Истрели од огнено оружје на друга локациј во Дрезден

Локалните медиуми во Дрезден претходно јавија дека се случил и вооружен напад. Според очевидци, притоа било пукано од огнено оружје. Како што беше наведено, сторителот влегол во зградата Амонхоф, канцелариски комплекс во кој се наоѓа и приватната радио станица Радио Дрезден. Притоа мажот го вперил пиштолот кон случајни минувачи и очигледно имал заложници.

Насилникот со истрелите очигледно се обидел да си обезбеди влез во канцелариите на редакцијата на радио Дрезден. Додека се случувало тоа, еден сведок на нападот успеал да избега и да повика полиција. Според полицијата, вработените во радио станицата успеале да стигнат на безбедно. Сторителот потоа се придвижил кон блискиот трговски центар- Галерија Алтмаркт.

Полициски блокада беа поставени на улиците околу местото на заложничката драма, а граѓаните на Дрезден беа повикани да го избегнуваат центарот на градотФотографија: Jörg Schurig/dpa ZB/picture alliance

Полицијата за време на заложничката драма побара од жителите на Дрезден да го избегнуваат центарот на градот. Областа околу Галеријата Алтмаркт беше блокирана. 

Галеријата Алтмаркт е трговски центар во центарот на Дрезден. Името го добила по Алтмаркт плоштадот во историскиот центар на градот, каде што се наоѓа зградата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми