1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалГерманија

Италијанските мафијаши ја сакаат Германија

Тагесшау | ЕМФ
30 јануари 2024

Германија им е омилена земја на италијанските мафијаши. Тука престојуваат над илјада активни членови на мафијата, кои, на пример, перат пари од бизнисот со дрога.

Рација во Германија против мафијаши
Рација во Германија против мафијаши (архивска фотографија)Фотографија: Beckerbredel/dpa/picture alliance

Во Германија, според Сојузното Министерство за внатрешни работи, има повеќе од илјада осомничени активни членови на италијанската мафија. Од нив, 519 припаѓаат на калабриската Ндрангета, 134 на сицилијанската Коза Ностра и 118 на неаполската Камора, се вели во одговорот на прашањето на пратеничката група на Зелените, што го пренесува медиумската мрежа РНД, како и новинската агенција АФП.

„Според истражувањето на Германската криминалистичка служба, направено заедно со покраинските криминалистички служби, во 2022 година биле идентификувани вкупно 1.003 осомничени членови на италијански организиран криминал кои постојано живеат во Германија“, соопшти Министерството. Бројката е зголемена за 87 во однос на претходната година.

Во Германија, според МВР, има повеќе од илјада осомничени активни членови на италијанската мафијаФотографија: picture-alliance/ROPI

Дрога, перење пари и даночни измами

Покрај осомничените членови на Ндрангета, Коза Ностра и Камора, во Германија живееле и 33 осомничени членови на Стида, сицилијанска криминална организација и 37 осомничени членови на апулискиот организиран криминал. Други 162 осомничени членови на италијански организиран криминал не се категоризирани во ниту една од овие групи. Тие се особено активни во гастрономијата, трговијата со храна и индустријата за моторни возила. Кривичните дела се вршеле со дрога, како и перење пари и даночни измами, се вели во одговорот на германското МВР.

Италијанските мафијашки куќи

01:45

This browser does not support the video element.

Утврдени се криминални приноси од околу 2,3 милиони евра, од кои во 2022 година биле конфискувани само околу 683.000 евра. Министерството не може да даде информации за бројот на кривични постапки против мафијата или за висината на реалната добивка.

Емерих: Германија како „европска машина за перење“

Членот во Комисијата за внатрешни работи на Бундестагот од Зелените, Марсел Емерих, за РНД оценува: „Мафијата денес ја плете својата мрежа во Германија, како и во големи делови од Италија“. Таа успева „повеќе да гради односи со политиката и бизнисот под маската на наводно сериозни деловни луѓе“. Сепак, мафијата и натаму се потценува. „Германија за криминалците е европска машина за перење“, вели Емерих.

Се проценува дека секоја година се перат повеќе од сто милијарди евра. Прв чекор е неможноста да се купува недвижен имот со готовина, нагласува Емерих: „Потребно е и да се донесе 'програма за излез' (на членовите на мафијата, н.з.), со цел на погодените да им се покаже излез и да се ослабнат структурите на организираниот криминал.“ Покрај тоа, според Емерих, сојузните и покраинските власти мора да соработуваат поблиску во истрагите.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми