1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ивановска: ДКСК го анализира договорот со „Бехтел и Енка“

ЕМФ | МИА
22 мај 2023

Антикорупциската комисија го има добиено договорот со „Бехтел и Енка“ и е во фаза на негова анализа, изјави претседателката на комисијата, Билјана Ивановска.

Nord-Mazedonien Staatskommission für Korruptionbekämpfung
Фотографија: DW/Petr Stojanovski

На анализа на договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ ќе работи поголем тим, а задачите им се веќе доделени на советниците, изјави денеска (22.05) претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска.

Таа информира дека дел од советниците се вклучени во делот за јавни набавки, дел за работни односи, некој е вклучен како истражител, а некој прави анализа на законите што треба да се донесат.

„Опфатено е сѐ што е поврзано со овој предмет, верувајте, бара малку повеќе работа и анализа, и ние сакаме што побрзо да завршиме и да си кажеме. Не можам да кажам точно датум кога ќе биде, поради тоа што е неблагодарно да се кажува. Ќе речете кажавте, а не сте завршиле. Работиме на тоа со полна пареа. Веднаш штом ќе биде сѐ готово, ќе излеземе и ќе кажеме“, рече Ивановска, која учествуваше на предавање во рамки на промотивната кампања за борба против корупцијата „Бидете херои на чесноста“ на ДКСК во основното училиште „Братство” во Скопје.

ДКСК отвори предмет за  проектот за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д, за којшто е потпишан Договор со „Бехтел и Енка“, по објавите во медиумите околу постапката на изборот на фирмите за надзор, а предмет по допрен глас отвори и Јавното обвинителство.

По официјализирањето на примената на Договорот, во тек се подготвителни активности за претстојните градежни работи на терен. За реализацијата на Договорот во собраниска процедура се измени на пет закони по скратена постапка, а нивното означување со европско знаменце е предмет на дебата и критики од опозицијата.

Американската амбасадорка Агелер застана зад „Бехтел и Енка“

Американската амбасадорка Анџела- Агелер во интервју за агенцијата МИАминатата недела рече дека опозицијата во Северна Македонија го критикува договорот за изградба на автопатите од Коридорите 8 и 10 со „Бехтел и Енка“ без факти и информации:

„Сметам дека мошне е разочарувачки тоа што тие во опозицијата критикуваат без сите факти или критикуваат нешто за што немаат информација“, рече Агелер.

Американската амбасадорка во РСМ, Анџела Агелер, застана зад „Бехтел и Енка“Фотографија: Reg. Nordmazedonien

Договорот за изградба на автопатите во вредност од 1,3 милијарди евра крена голема прашина во македонската јавност, меѓу другото и поради тоа што Владата одбива да го покаже договорот, прогласувајќи го за таен. 

Агелер уверува дека процесот е целосно транспарентен и законски, и додава дека на тој начин американската компанија веќе спровела проекти насекаде во светот и неколку во регионот на Западен Балкан.  

„Тоа го прават едноставно само за да бидат против Владата, да тоа е работа на опозицијата, но истовремено сум целосно уверена дека процесот во кој е инволвиран 'Бехтел' е целосно транспарентен и законски, бидејќи тие работат на тој начин, инаку не би имале проекти насекаде во светот и одреден број тука во регионот на Западен Балкан, ако не беа доверлива компанија и граѓаните на оваа земја ќе бидат мошне среќни да ги имаат коридорите 8 и 10 д, кога ќе бидат комплетирани. Разговорите мислам се уште траат, но сметам дека е жално што има такви, кои ќе застанат на патот едноставно за да заработат политички поени“, изјави американската амбасадорка.

Од ВМРО-ДПМНЕ ѝ реплицираа на Агелер дека се залагаат за транспарентност и побараа да биде објавен договорот. 

„Сигурни сме дека заеднички интерес и на амбасадорот Агелер и на македонските граѓани, а во насока на транспарентноста и владеењето на правото договорот што го потпиша македонската влада со изведувачот да биде објавен“, изјави портпаролката на опозициската партија Марија Митева. Од ВМРО - ДПМНЕ велат дека е национален интерес македонските граѓани да знаат каде се трошат нивните пари, да се почитуваат одлуките на Уставниот суд и да се штитат правата на македонските работници, автопатите да ги градат македонски компании, и да не се злоупотребува знамето на ЕУ при носењето на законите.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми