1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Избори во Грција: Премиерот Мицотакис пред втор мандат

ЖА / агенции
26 јуни 2023

На новите избори во Грција има јасен победник – партијата Нова демократија на досегашниот премиер Кирјакос Мицотакис ќе владее уште четири години. Најголемата опозициска партија Сириза доби 17,8 проценти од гласовите.

Грција  Кирјакос Мицотакис Нова демократија
По изборите во Грција, нов мандант за досегашниот премиер Кирјакос Мицотакис и Нова демократијаФотографија: Louiza Vradi/REUTERS

По парламентарните избори во Грција досегашниот конзервативен премиер Кирјакос Мицотакис се наоѓа пред втор четиригодишен мандат. Неговата партија Нова демократија, според резултатите од неделата вечерта, освои 40,5 проценти, но според новиот изборен систем ќе добие 158 од 300 места во парламентот.

На второ место е левичарската Сириза на поранешниот премиер Алексис Ципрас со разлика од победникот од преку 20 проценти. На изборите кои беа одржани на крајот на мај, Конзервативната партија излезе како јасен победник, но го одби доделениотмандат за формирање коалициска влада,па оттогаш во Грција владее преодна влада. 

„Јас лично чувствувам уште посилна обврска да и` служам на својата земја со сите мои способности“, изјави синоќа Мицотакис пред насобраните славенички расположени симпатизери пред централата на Нова демократија во Атина. 55-годишниот Мицотакис најави натамошно спроведување реформи во земјата, а меѓу главните приоритети ќе му бидат зголемување на приходите од туристичката индустрија, создавање нови работни места и подигање на нивото на платите во правец на просекот во Европската унија.

„Очигледно, ова е тежок пораз“,изјави пак поранешниот министер за финансии на Сириза, Еуклид Цакалотос за ТВ Скај.

Неочекуван успех забележа крајно десничарската Партија на Спартанците, која се декларираше против доселувањето и мигрантите, со освоените 4,7 проценти од гласовите, таа ќе добие 13 седишта во грчкиот парламент.

Победата на конзервативците на изборите одржани во мај имаше позитивно ехо кај инвеститорите, кои очекуваат продолжување на досегашната буџетска дисциплина, па грчката берза регистрираше нагорен тренд.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми