1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаИзраел

Избори во Израел: Нетанјаху пред камбек

ЕМФ /агенции
2 ноември 2022

Израел гласаше - по петти пат во последните три и пол години. Според првичните прогнози, сојузот на опозицискиот лидер и екс-премиер Нетанјаху е во тесно водство.

Опозицискиот лидер и поранешен премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата партија, според прогнозите, се во водство
Опозицискиот лидер и поранешен премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата партија, според прогнозите, се во водствоФотографија: Ilia Yefimovich/dpa/picture alliance

На изборите во Изрел, според прогнозите, води партијата на опозицискиот лидер и поранешен премиер Бенјамин Нетанјаху. Неговиот десничарско религиозен табор успеа да освои тесно мнозинство гласови. Нетанјаху е уверен во победа. Тој ноќеска (1.11/2.11)пред приврзаниците на неговата партија Ликуд во Ерусалим изјави дека е „блиску до голема победа“ и дека ќе предводи десничарска влада доколку резултатите од изборите го потврдат она што се предвидува во прогнозите.

Актуелниот премиер Јаир Лапид, пак, рече дека треба да се почека на резултатите. „Ништо не е решено“, оцени тој на митингот на неговата централна партија Јеш Атид во Тел Авив и додаде дека неговата партија „трпеливо ќе ги чека конечните резултати“.

Партијата Ликуд веројатно најсилна

Според прогнозите, десничарската конзервативна партија Ликуд на Нетанјаху би освоила 30 или 31 од 120 места во парламентот. На второт место би била Партијата на иднината на премиерот Јаир Лапид со 22 до 24 места. Десничарско религиозниот табор околу Нетанјаху на петтите по ред избори за три и пол години би имал тесно мнозинство од 61 или 62 места во Кнесетот. На трето место, според прогнозите, е религиозно ционистичка партија на Безалел Смотрич и Итамар Бен-Гвир со 14 до 15 освоени пратенички места. Се смета дека десноекстремниот сојуз може да има клучна улога за составување коалиција.

Ова се петти избори во Израел за три и пол годиниФотографија: Saeed Qaq/apaimages/IMAGO

Најголем одзив на гласачите во последните 20 години

Одзивот на изборите е висок. Според Централната изборна комисија, тој до 21:00 часот изнесувал 71,3 отсто. Тоа е речиси четири процентни поени повеќе отколку во исто време на последните избориво март минатата година. Изборната комисија не очекува прелиминарни конечни резултати пред четврток. Претходните избори покажаа дека работите се менуваат до пребројувањето на сите гласови.

Кога ќе биде познат конечниот официјален резултат, претседателот Ицак Херцог ќе одлучи кому ќе му биде доделен мандат да формира влада. Кандидатот потоа има време од четири недели да формира коалиција. За тоа, како што покажаа и минатогодишните избори, може да бидат потребни недели или месеци. Нетанјаху тогаш требаше да формира влада, но не беше во можност да формира коалиција. Израел со години е во криза. Изминатите избори често водеа до нејасно мнозинство. Сегашната осумпартиска коалиција, предводена од премиерот Нафтали Бенет, пропадна во јуни, откако го загуби мнозинството по само дванаесет месеци на власт. Потоа функцијата шеф на владата ја презеде министерот за надворешни работи Јаир Лапид.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми