1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Избори во САД: Дебатата Венс-Вoлц „изненадувачки учтива“

Карла Блајкер
2 октомври 2024

За прв и единствен пат во оваа изборна кампања во САД, кандидатите за потпретседател си разменија вербални удари во ТВ-дуел. Џеј Ди Венс и Тим Волц сериозно разговараа за политика, што многумина не го очекуваа.

Џеј Ди Венс и Тим Волц, САД
ТВ дуел - Џеј Ди Венс и Тим ВолцФотографија: Matt Rourke/AP/picture alliance

На средбата на републиканскиот кандидат за потпретседател Џ.Д. Венс и неговиот демократски ривал Тим Волц во вторникот вечерта (2.10) во Њујорк, големите вирални моменти изостанаа. Без лични напади на противникот, без удари под појасот и без шокирачки изрази на лицето.

Наместо тоа, 35 дена пред изборите на 5-ти ноември, кандидатите на Доналд Трамп и Камала Харис се вклучија во високо политичка размена на удари при што опширно разговараа и за внатрешните и за надворешнополитичките прашања. Ова можеби не изгледа изненадувачки на прв поглед. Но, секој кој ја следел изборната кампања во САД оваа година и претходните години знае дека тоа не е разбирливо само по себе.

„Беше изненадувачки учтиво. Последен пат кога имавме ваква дебата, беше пред 2016 година“, изјави за ДВ Филипо Тревисан, политиколог од Американскиот универзитет во Вашингтон. „Не само дебатата овој септември  меѓу Трамп и Харис,  туку и потпретседателската дебата меѓу Камала Харис и Мајк Пенс во 2020 година беше многу поинаква."

За време на претседателската дебата меѓу републиканскиот кандидат Трамп и демократската кандидатка Харис, Трамп изрече работи кои се граничат со апсурд за имигранти кои наводно крадат и јадат домашни миленици. Изгледаше дека Харис едвај се воздржуваше да не го опсипе Трамп со навредливи зборови.

Овојпат, Венс  ја обвини имиграциската политика на актуелната потпретседател Камала Харис за проблемите на американското општество: од високите цени на недвижностите до епидемијата на опиоиди. А  Волц предупреди  дека односите меѓу САД и нивните сојузници ќе страдаат под претседателство на Трамп, бидејќи не може да се потпрат на републиканецот.

Венс, Волц и Блискиот Исток

Првото прашање од телевизиските водители на Си-Би-Ес се однесуваше на настаните на Блискиот Исток, каде Израел неодамна започна воена офанзива против Либан. Иран, пак, истрела повеќе од 180 ракети врз Израел во вторникот вечерта. САД се најблискиот и најважниот партнер на Израел. Дали би поддржале израелски напад врз Иран?

Ниту еден од кандидатите не се осврна директно на ова прашање. Наместо тоа, Волц зборуваше за тоа колку е „опасен“ Трамп во таква нестабилна светска ситуација. Венс, од друга страна, истакна дека Трамп воспоставил ефективни одбранбени механизми против какво било незаконско постапување на меѓународната сцена.

Ракетниот напад на Иран врз Израел беше важен дел од дебатата на Бенс и Волц Фотографија: AP/dpa/picture alliance

Контроверзни точки - економијата на САД и абортусот

Војната во Украина не одигра никаква улога во дебатата на кандидатите за потпретседател. Наместо тоа, тие разговараа, меѓу другото, за климатските промени, имиграцијата и економијата. Во врска со последното, Венс ја нападна Камала Харис со аргумент што често се слуша од Републиканците.  Планот на Харис да ѝ помогне на средната класа да застане на нозе звучи „прилично добро“ во делови, рече Венс - но зошто таа не спроведе ништо од тоа во нејзините три и пол години како потпретседател? '

Покрај економијата,  абортусот е една од крупните теми во предизборната кампања во САД. Трамп и Венс се за тоа државите да донесат свои закони за абортус. Харис и Волц сакаат бремените жени повторно да имаат пристап до безбеден прекин на бременоста на национално ниво - како што беше случајот пред мнозински конзервативниот Врховен суд да го укине соодветниот закон во 2022 година.

Во дебатата во вторникот, Венс ја наведе различноста на државите како причина за многу различните закони.  Волц пак  ја раскажа приказната за Амбер Турман, млада Американка од Џорџија, сојузна држава со строги закони за абортус. Таа отпатувала во друга држава во август 2022 година за да абортира. По враќањето назад во Џорџија, кај неа се појавиле ретки компликации кои не биле навремено третирани поради строгите закони – по што Турман почина.-  Волц истакна  дека таквите трагедии може да се спречат. Демократите се залагаат за слободата на жените да носат свои одлуки.

Волц или Венс - кој победи?

Во американските медиуми преовладува мислењето дека Венс подобро се снајде во дебатата. „Политико“ пишува дека тој настапи добро и ја нападна Камала Харис поефективно отколку Трамп во претседателската дебата. Топлиот, татковски имиџ на Волц, сепак, навистина дојде до израз во дебатата.

Политикологот Тревисан вели дека работата на Венс во дебатата била да изгради мост до гласачите кои не се цврсти обожаватели на Трамп. Според Тревисан, тој сакал да ги убеди луѓето дека идеите на Трамп не се толку екстремни како што се прикажувани. „Добро се снајде, тој е навистина силен дебатер".

Но, Волц имаше и свој голем момент. Кога стана збор за претседателските избори во 2020 година и упадот во Капитол на 6 јануари 2021 година, тој го праша Венс дали мисли дека Трамп ги загуби изборите. Трамп до денес одбива да го признае неговиот пораз, иако сите судови ја потврдија изборната победа на Џо Бајден. Венс заобиколуваше, рече дека се концентрира на иднината. Волц беше „шокиран“ од оваа нејасна изјава.

Но, дали сето ова ќе направи разлика на изборите за пет недели? Малку веројатно, вели шефицата на студиото на ДВ во Вашингтон, Инес Пол.

„Не очекувам оваа средба да има големо влијание“, вели Пол. „Кандидатите со оваа дебата нема да убедат ниту еден неопределен гласач.“

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми