Шолц и Макрон сакаат обединети да го дочекаат Трамп
6 ноември 2024Германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон телефонски разговаа за можните ефекти од враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа.
Портпаролот на германската влада рече дека двајцата ветиле дека ќе соработуваат уште потесно во иднина.
„Ќе работиме во овој нов контекст за пообединета, посилна, посуверена Европа. Во соработка со САД и бранење на нашите интереси и вредности“, напиша Макрон на социјалната мрежа X.
Министрите за одбрана на двете земји, исто така, ќе разговараат денеска на истата тема. Не е познато каков пристап ќе има Трамп кон руската војна во Украина, иако посочи дека ќе биде многу помалку пријателски настроен кон Киев од неговиот претходник, претседателот Џо Бајден.
Трамп: Нема да започнам војна
Трамп, исто така, зазеде понепријателски став кон сојузниците во НАТО додека беше на функцијата, редовно повторувајќи ги барањата да ги зголемат трошоците за одбрана.
Во говорот пред неговите приврзаници во раните утрински часови, Трамп не зборуваше за меѓународните сојузници и не се осврна на надворешната политика, освен што рече дека нема намера да започне никакви војни.