1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Израел го пресретна последниот брод од флотилата за Газа

ЕМФ | агенции
3 октомври 2025

Израелската морнарица, според наводи на активисти, го запрела и последниот брод од флотилата која носеше помош за Појасот Газа.

Оваа слика од видео објавено од Глобалната флотила Сумуд наводно ги прикажува израелските маринци на еден од бродовите на флотилата откако бил пресретнат рано во четврток, 2.10.2025, додека се приближувал кон брегот на Газа
Израел претходно веќе ги запре другите бродови од „Глобалната флотила Сумуд“ (слика од видео објавено од Глобалната флотила Сумуд)Фотографија: Global Sumud Flottilla/dpa/picture alliance

Израелската морнарица го пресретнала последниот брод од флотилата со приватни едрилици и бродови кратко пред да стигне до Појасот Газа, соопштија активисти. Видео објавено од пропалестински активисти покажува како израелски брод се приближува, но снимката завршува кога војниците се качуваат на бродот на активистите.

Според извештаите, бродот имал технички проблеми и возел зад флотилата. Израел претходно веќе ги запре другите бродови од „Глобалната флотила Сумуд“.

Флотилата имаше вкупно 42 бродови и едрилици. Повеќе од 400 членови на екипажот од десетици земји се приведени, вклучувајќи ја и шведската активистка Грета Тунберг. Тие треба да бидат вратени во нивните матични земји.

Засега нема потврда од Израел дека бил запрен и заостанатиот брод од флотилата.

Активистите соопштија дека сакаат да донесат помош во Појасот Газа. Израел понудил да ги транспортира залихите за помош на брегот преку пристаништа надвор од Појасот Газа, а оттаму до палестинската крајбрежна територија. Активистите го отфрлија ова, тврдејќи дека израелската блокада на Појасот Газа го крши меѓународното право. Според извештаите, друга флота веќе се упатува кон Појасот Газа. Се вели дека деветте брода моментално се наоѓаат во близина на брегот на грчкиот остров Крит.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми