1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Израел го прифати предлогот на Блинкен, Хамас сѐ уште молчи

ЕМФ | агенции
20 август 2024

Американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен ја продолжува турнејата на Блискиот Исток во обид да се постигне договор за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците.

Израел | Американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен
Американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен на прес-конференција во Тел АвивФотографија: Kevin Mohatt/REUTERS

Американскиот министер за надворешни работи Ентони Блинкен ја продолжува турнејата на Блискиот Исток со цел да се постигне деескалација на тензичната ситуација во регионот и да се олесни договорот за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците. Од вчеравечер (19.08) има повеќе надеж дека тоа ќе се случи. Израел го прифати последниот предлог поддржан од САД за прекин на огнот во Газа, рече Блинкен на прес-конференција во Тел Авив. Сега останува на Хамас да се согласи со предлогот.

„Ако Хамас и неговото раководство навистина се грижат за палестинскиот народ, тие ќе кажат 'да' на договорот“, рече Блинкен. Ова, според него, е единствениот, најдобар и најбрз начин да се стави крај на страшните страдања на мажите, жените и децата во Појасот Газа во војната која изби по нападот на Хамас и другите исламистички групи на 7 октомври.

Пред неговата најава, Блинкен се сретнал со роднините на заложниците. Како што јави израелската телевизија Канал 12 повикувајќи се на учесниците на средбата, Блинкен притоа навестил дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху овојпат навистина се обидува да постигне договор. Тој оставил впечаток како тоа да може да се оствари за неколку дена. Блинкен, исто така, зборувал за огромен притисок врз лидерот на Хамас, Јахја ал-Синвар да се согласи со т.н. преоден предлог. Притисок извршиле и посредниците од Египет и Катар.

Според Блинкен, сегашниот преоден предлог ја одразува содржината на договорот за прекин на огнот што американскиот претседател Џо Бајден му го претстави на светот во мај годинава. Според него, процесот треба да се одвива во фази: почетен прекин на огнот за период од шест недели, во текот на кој треба да се ослободуваат заложниците и да се разменуваат затвореници, како и преговори за условите за траен прекин на огнот. Експертите за преговори мора да се состанат во наредните денови за да постигнат јасни договори за тоа како да се спроведе договорот, нагласи Блинкен. „Ова се сè уште сложени прашања и тие ќе бараат тешки одлуки од шефовите на држави и влади“.

Блинкен треба да го продолжи своето патување во Египет, каде неделава би требало да има средба на преговарачите.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми