1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиПалестински територии

Израел: Досега најжестоки борби со Хамас во Хан Јунис

ЖА
6 декември 2023

Израелската армија според сопствени наводи, ги води најжестоките борби со радикално исламистичкиот Хамас од почетокот на копнената офанзива во Појасот Газа.

Градот Хан Јунис во јужниот дел од Појасот Газа, Израел
Градот Хан Јунис во јужниот дел од Појасот Газа - тука се водат жестоки борбиФотографија: Ahmed Zakot/Reuters

Израелската војска е вовлечена во огорчени битки во Хан Јунис, соопшти израелската армија денеска (среда). Најголемиот град во јужниот дел од Појасот Газа од вторникот е опколен од израелските војници, кои веќе продреле до самиот центар, нападнати се стотици позиции на Хамас.

Во близината на Хан Јунис беа позиционирани израелски тенкови, воени транспортери и булдожери, посведочија во вторникот очевидци за новинската агенција АФП. Бројни цивили бегале поради борбите пеш, со мотоцикли, колички или на претоварени автомобили.

Бригадите Касам, вооруженото крило на Хамас соопшти дека нивните борци учествуваат во борбите со израелската армија. Во вторникот биле убиени или ранети 8 израелски војници, а биле уништени 24 израелски воени возила, тврдат од бригадите Касам. Израелската војска на својата веб страница објави за двајца загинати свои војници во вторникот, бројот на жртви од почетокот на копнената офанзива со тоа е зголемен на вкупно 83.

Терористите на Хамас на 7 октомври неочекувано го нападнаа југот на Израел, убивајќи околу 1200 луѓе, претежно цивили и земајќи со себе во Појасот Газа како заложници 240 луѓе. Во рамките на  еднонеделниот прекин на огнот,   беа ослободени преку 100 заложници, а 138 уште се во рацете на Хамас и на радикални групи. За возврат, Израел пушти на слобода од своите затвори околу 240 палестински затвореници – жени и малолетници. 

Три недели по нападот на терористите од Хамас, Израел ја започна својата копнена офанзива во северниот дел од Појасот Газа, а од пред неколку дена ја прошири и на јужниот дел.  Според информации на здравствените власти во Појасот Газа, кои се контролирани од Хамас, од почетокот на војната биле убиени околу 16.300 луѓе, од кои повеќе од 7100 деца и околу 4900 жени. Илјадници луѓе уште се водат за исчезнати или можеби се потиснати под урнатините на бројни  уништени куќи. Ситуацијата на цивилното население во густо населениот Појас Газа е оценета како драматична.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми