1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Израел нападна цели во Појасот Газа

СН/агенции
9 мај 2023

По силните ракетни напади од Појасот Газа врз израелска територија во зиминатите недели, Израел во текот на ноќта нападна цели на милитантната палестинска организација Исламски џихад. Притоа загинале повеќе лица.

Делумно уништена зграда во Појасот Газа по израелското бомбардирање во текот на ноќта.
Делумно уништена зграда во Појасот Газа по израелското бомбардирање во текот на ноќта.Фотографија: Ali Jadallah/AA/picture alliance

Израелската војска соопшти дека нападнала цели во Појасот Газа за кои се верува дека се поврзани со милитантната палестинска група Исламски џихад. Притоа биле убиени неколку луѓе. Израелската армија ја означи операцијата „Штит и стрела“ како одговор на ракетните напади од Појасот Газа врз израелската погранична област во последните недели. Сепак, масовниот напад беше изненадувачки, бидејќи прекинот на огнот беше во сила речиси една недела. 

Израелската армија објави дека тројца џихадисти се убиени. Станува збор за Калил Бахитини, командант во северниот дел на Газа, кој се смета за одговорен за неодамнешните ракетни напади врз Израел, Џахед Ахнам, шеф на воениот совет на Исламски џихад и Тарек Аз Алдин, кој ги координирал на нападите на милитантите на Западниот Брег.

Израелската полиција упадна во џамијата Ал-Акса

00:48

This browser does not support the video element.

Според палестинското Министерство за здравство, во ноќните воздушни напади во градот Газа и во Рафах загинале вкупно дванаесет лица, меѓу кои и жени и деца. Околу 20 други се повредени. Покрај командантите на џихадистите, во нападите загинале и нивните сопруги, неколку нивни деца и други луѓе во близина.

Во меѓувреме на цивилното население во јужен Израел му беше укажано да остане во близина на определената безбедна област до среда. Минатата недела, палестинските милитанти во Појасот Газа истрелаа ракети и минофрлачки гранати врз Израел по смртта на Чадер Аднан, висок претставник на Исламскиот џихад. Според израелски извори, неколку лица биле повредени во тие напади.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми