1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиБлиски Исток

Израел: Новиот лидер на Хамас убиен во Појасот Газа

СН/агенции
27 мај 2026

Израел го таргетирал новиот лидер на Хамас во Појасот Газа, Мохамед Одех. Неколку лица загинаа во воздушен напад врз градот Газа, меѓу нив и новиот водач на терористичката организација, соопшти израелската војска.

Оштетена станбена зграда во градот Газа по израелски напад
Израел тврди дека во воздушен напад во градот Газа бил убиен новиот лидер на Хамас. Фотографија: Ebrahim Hajjaj/REUTERS

Израел денеска соопшти дека е убиен новиот шеф на вооруженото крило на Хамас во Газа, Мохамед Одех, во вчерашниот напад во Појасот Газа, само неколку дена откако беше убиен неговиот претходник во сличен напад. 

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека „командантот на вооруженото крило на терористичката организација Хамас во Газа е елиминиран вчера и е испратен да им се придружи на своите соработници во длабочините на пеколот“.

Хамас сè уште не се огласил. 

„Во име на премиерот и во мое име, им честитам на ИДФ и на Шин Бет за брилијантното извршување na нападот“, напиша Кац во објава на платформата X.

„Ветивме дека ќе ги елиминираме сите оние кои го предводеа масакрот на 7 октомври и ќе го сториме тоа: сите се обележани за смрт, каде и да се“.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац порача дека „командантот на вооруженото крило на терористичката организација Хамас во Газа е испратен да им се придружи на своите соработници во длабочините на пеколот“.Фотографија: Ariel Hermoni/Verteidigungsministerium/dpa/picture alliance

По објавувањето на нападот во вторникот, Кац и премиерот Бенјамин Нетанјаху во заедничко соопштение наведоа дека Одејх „беше шеф на разузнавачката служба на Хамас во времето на масакрот на 7 октомври и беше именуван за наследник на Езелдин ал-Хадад пред околу една недела“.

Хадад беше убиен во израелски напад на 15 мај.

„Одех е одговорен за убиствата, киднапирањата и повредите на бројни израелски цивили и војници на ИДФ“, рекоа Кац и Нетанјаху.

Откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври 2023 година, Нетанјаху вети дека ќе ги таргетира и елиминира лидерите кои стојат зад него.

Во нападот загинаа 1.221 лице, според бројките на новинската агенција АФП, базирани на официјални израелски податоци.  

Одмаздата на Израел во Газа одзеде најмалку 72.803 животи, според Министерството за здравство на територијата управувана од Хамас. 

Денот кој го промени Блискиот Исток

02:23

This browser does not support the video element.

Израел претходно ги уби поранешниот политички лидер на Хамас, Исмаил Ханија, и Јахја Синвар, лидер на Газа за кој се верува дека е мозокот зад нападот на 7 октомври.

Исто така, убиен е и Мохамед Деиф, долгогодишен командант на вооруженото крило на Хамас познато како Бригадите Езелдин ал-Касам, како и Мохамед Синвар, кој го наследи својот брат Јахја Синвар како лидер на Газа.

Цел на израелските напади беа и оперативци на Хамас во Либан и високи команданти на Хезболах, кој е сојузник на групата, поддржан од Иран, вклучувајќи го и поранешниот лидер на Хезболах, Хасан Насрала.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми