1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Израел: Палестинците да го напуштат северниот дел на Газа

ЕМФ | агенции
13 октомври 2023

Израелската армија побара од Палестинците во северниот дел на Појасот Газа да се евакуираат во правец на југ.

Градот Газа по израелските воздушни напади
Градот Газа по израелските воздушни напади, 10.10.2023Фотографија: Mohammed Salem/REUTERS

Израелската армија побара од Палестинците во северниот дел на Појасот Газа да се евакуираат. „Војската ги повикува сите цивили во Газа да ги напуштат своите домови во насока на југ заради своја безбедност и заштита“, соопшти армијата изутринава (13.10).

„Терористичката организација Хамас води војна против државата Израел, а Газа е област во која се одвиваат воени операции“, го образложи армијата својот повик. „Тие ќе можат да се вратат во Газа само кога ќе се објави дополнително соопштение што го дозволува тоа“, се вели во соопштението. Како што се додава, никој не треба да се приближува до областа на безбедносната ограда кон државата Израел.

Армијата соопшти дека терористите на Хамас се кријат во Газа во тунели под куќите и во згради во кои има невини цивили од Појасот Газа. Набљудувачите претпоставуваат дека големиот напад на исламистичкиот Хамас во Појасот Газа би можела да претстои копнена офанзива од страна на Израел. Од почетокот на воздушните напади, во Појасот Газа се убиени повеќе од 1.537 Палестинци, вклучително и околу 500 малолетници и 276 жени.

Според ОН, од ваквата евакуација би биле погодени повеќе од милион луѓе. „Тоа се околу 1,1 милион луѓе“, изјави портпаролот на ОН Стефан Дужарик за американскиот сајт за вести „Аксиос“. Водачите на тимовите на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања и Одделот за безбедност во Газа, како што се вели, биле информирани за евакуацијата од нивните офицери за врска во израелската армија. Наредбата се однесува на сите соработници на ОН и лицата кои се сместени во објекти на ОН, вклучително училишта, здравствени центри и клиники, изјави Дужарик за „Аксиос“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми