1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиЛибан

Израел го ликвидирал веројатниот иден лидер на Хезболах

СН/агенции
23 октомври 2024

Израелската војска соопшти дека го убила високиот функционер на Хезболах, Сафи ал-Дин во Либан пред околу три недели. Тој се сметаше за најверојатен наследник на претходно убиениот генерален секретар Насралах.

Хашим Сафи ал-Дин (архивска фотографија)
Хашим Сафи ал-Дин (архивска фотографија)Фотографија: Bilal Hussein/AP/dpa/picture alliance

Според израелски извори, во воздушен напад на југот на Бејрут на почетокот на октомври загинал висок функционер на Хезболах кој се сметал за иден лидер на терористичката организација.

Израелската војска во вторникот соопшти дека загинатиот човек е Хашим Сафи ал-Дин, влијателен свештеник. Тој, се верува дека на чело на Хезболах требало да го наследи Хасан Насралах , кој исто така беше убиен во израелски воздушен напад во септември. Хезболах се уште не ја коментирал оваа објава на израелската војска. 

Фотографија: AFP

Важна улога во хиерархијата на Хезболах

Според кругови во Хезболах, Хашим Сафи ал-Дин, роднина на Насралах и еден од најважните членови на советот Шура на Хезболах, бил „најверојатниот кандидат“ да го наследи на чело на милицијата. Според израелската војска, Сафи ал-Дин бил член на таканаречениот совет Шура, највисокото воено-политичко тело на Хезболах. Ова тело е одговорно за одлучувањето и политичкото обликување на терористичката организација.

Во времето кога Насралах не беше во Либан, Сафи ал-Дин ја презеде улогата на генерален секретар на Хезболах и ги предводеше терористичките напади против Израел.

Сафи ал-Дин одржуваше блиски религиозни врски со Иран, заштитничката сила на Хезболах во Либан. САД и Саудиска Арабија го класифицираа Хашим Сафи ал-Дин како баран „терорист“ во 2017 година. Американското Министерство за финансии го опиша како „висок лидер“ на Хезболах и „клучен член“ на неговата извршна власт.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми