Израелската армија бара напуштање на градот Газа
10 јули 2024На летоците што израелската армија ги фрли над градот Газа се вели дека „градот Газа останува опасно подрачје на борби“ и од жителите се бара да се евакуираат во насока на југ. Сите жители на градот, бара израелската армија, преку „безбедносни коридори“ би требало да се упатат кон сместувалиштата на југот од Појасот Газа.
Вчера (9.07) израелската армија соопшти дека ги продолжува „антитерористичките операции“ против цели на Хамас и на исламскиот Џихад во Газа. Жителите известија за „експлозии и големи претсрелки“, како и напади со хеликоптери на југозападните делови од градот. Според наводи на исламистичкиот Хамас, борбите биле „најжестоки во последните месеци“.
Берлин го осуди нападот врз училиште во Појасот Газа што му се припишува на Израел
Германската влада денеска остро го осуди нападот врз училиште во јужниот дел на Појасот Газа што му се припишува на Израел. Фактот дека луѓе кои барале заштита во училиштата биле убивани е „неприфатлив“, соопшти германското МНР на платформата Х и бара инцидентот да се истражи „брзо“.
Според болнички извори, во нападот врз училиште во Абасан, источно од Кан Јунис, загинале најмалку 29 лица. Десетици луѓе се повредени, соопштија извори од болницата Насер во Кан Јунис, каде им била пружена помош на повредените. Израелската армија соопшти дека инцидентот се истражува и дека израелската борбена авијација користела прецизна муниција.